ЈОРДАН 14.04 – 21.04.2023 | 6 ноќи - 8 дена | Лет од Скопје
АМАН + МРТВО МОРЕ + ПЕТРА + ВАДИ РУМ + АКАБА
ЈОРДАН - древна земја со посебен шарм и неверојатна историја. Полна е со легенди и традиции, богато културно наследство и архитектонски атракции, прекрасни плажи на Црвеното Море и лековити води на Мртвото Море. Заслужено зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.
Петра - фасцинантна по својата убавина, привлекува милиони посетители, а целиот град е како уметничко дело насликано на платно од природен камен. Откриена е во 1812 година од швајцарскиот истражувач Јохан Буркхарт, Петра сè уште продолжува да не изненадува со своите тајни и убавини! Сместенa е на листата на УНЕСКО но и на листата на седумте светски чуда. Колку и да читате за неa, колку и да е добро и детално опишано, не може да се спореди со чувството и возбуда кога ќе ja ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО! Дали сте подготвени за оваа авантура?
Вади Рум или познат како „Долината на Месечината“,е арапска бајка која чека да биде откриена. Дом на номадските бедуински племиња. Некогаш населен со Набатејци од праисторијата, Вади Рум ви овозможува да се изгубите во големите пејсажи. Спокојството на пустината сигурно ќе ви го смири духот и ќе ви ги ослободи мислите.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден (14.04): СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АМАН
Состанок на патниците нa Скопскиот Аеродром според претходно договорено време и полетување за Истанбул во утрнските часови. Пристигнување во Истанбул 22:45. Полетување за Аман во 01:40, со ТК814. Слетување во 04:00. Позавршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на локален партнер и трансфер до 4* хотел. Сместување во соби. Ноќевање
2ден (15.04): АМАН
По одморот и појадокот продолжуваме со разглед на Аман, престолнината на Кралството Јордан. Ќе запознаеме со културата на Хашемитското кралство, со посета на Цитаделата, Римскиот театар, старата џамија, но и со посета на новиот модерен дел на Аман. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуален разглед и прошетка. Вечера. Ноќевање.
3 ден (16.04): АМАН – ЏЕРАШ
По појадокот, се упатуваме кон Џераш, градот кој своето златно време на цивилизација го доживува за време на Римското царство, кога е познат и како Гераса, а денес претставува официјално еден од најдобро зачуваните провинциски градови на Римската империја, сокриен со векови под златните песоци на Јордан пред повторно да биде откриен и достапен на светската јавност. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ден (17.04): АМАН – МАДАБА – НЕБО – РЕКАТА ЈОРДАН - МРТВО МОРЕ
По појадокот, со спакуван багаж се упатуваме кон нови возбудливи дестинации. Посета на Мадаба, оддалечена 30 км од Аман, а која се протега крај Кралскиот пат, стар 5000 години и претставува една од најзначајните локации во оваа Света Земја. Откако ќе одминеме неколку меѓусебно поврзани градови, стигнуваме во Мадаба, позната како Градот на Мозаиците. Од таму го продолжуваме нашето патување до Планината Небо, една од најзначајните локации за верниците од целиот свет, место каде пророкот Мојсие е погребан. Од таму се упатуваме кон реката Јордан ,местото на Исусовото Крштевање, каде ќе имаме можност за кршевање во водите на реката Јордан. Продолжуваме кон Мртвото море, најниската точка во светот каде што ќе имате можност да уживате во благодетите на солената лековита вода. Сместување во хотел на Мртво Море, Вечера и ноќевање.
5 ден (18.04): МРТВО МОРЕ – ПЕТРА – МАЛА ПЕТРА
По појадокот, со спакуван багаж, заминуваме кон местото Wadi Musa - денешниот населен град каде што се наоѓа локалитетот Петра. По сместување во хотел се уптатуваме кон посета на локалитетот Мала Петра која исто така плени со својата мистериозност.Слободно време и можност за индивидуален разглед на Wadi Musa.. Вечера и ноќевање во хотел.
6 ден (19.04): ПЕТРА– ВАДИ РУМ
По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон „Розевиот Град“ Петра, најубавиот град некогаш изграден од човечка рака на Набатејците, а целиот вдлабен во карпи. Посетата започнува со прошетка до Сик, најпознатиот теснец во светот, овековечен и во голем број на филмови, влезот на Градот Петра кој нуди неверојатни пејзажи, визури и искуство кое се памети. Додека шетате долж 1 км долгата патека, над вас бдеат карпите високи и повеќе од 80 м. Боите кои се прелеваат и убавината која природата ја дарила на ова место, се едни и единствени. Кон крајот на Сик, пред нас ќе се појави најспектакуларната глетка, Ал Казнеа (Трезорот) - едно од најфотографираните места во светот. Прошетката низ Петра продолжува покрај улицата на фасадите, кралските гробници, театарот, судницата... Вкупната должина е окулу 4км по правец. По посетата на Петра се упатуваме кон Вади Рум и посета на Седумте Столбови на Мудроста, именувани од Лоренс од Арабија. Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање во хотелски камп сред пустина.
7 ден (20.04): ВАДИ РУМ – АКАБА
По појадокот, заминуваме на 2 часовно возење со 4×4 џипови низ пустината. Продолжуваме кон прекрасниот природен лавиринт од монолитски карпи, на некои места високи и по 1750 м, идеални за планинарење и спортско качување. Гостите може да уживаат во мирните прошетки по непрегледната долина на карпести формации, да ги откријат кањоните и цртежите во карпите стари и по 4000 години. Го продолжуваме патувањето кон Акаба - единствениот град во Јордан кој има излез на море, а воедно претставува бесцаринска зона - град фришоп. Панорамси разглед на Акаба.Слободно време за индивидуални активности, прошетки и шопинг низ Акаба. Слободно време до трансфер за полетување.
8 ден (21.04): АКАБА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Полетување кон Истанбул со лет ТК 819 во 01:35. Слетување во Истанбул. Продолжување на летот кон Македонија со TK 1003 кон Скопје во 07:25. Слетување во Скопје во 07:50.

Цената влучува:
- Повратни авионски билети од Скопје до Аман и од Акаба до Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines.
- Аеродромски такси.
- Чекиран багаж 30кг + рачен багаж.
- Трансфер според програмата.
- 5 ноќевања во Хотели со 4* на база Полу пансион
- 1 ноќевање со појадок во Хотел со 4*
- Посета на сите наведени локации во програмата со вклучени влезници
- Возење со џипови во траење од 2 часа во пустината Вади Рум
- Јавање на коњи во Петра
- локален професионален водич на Српско – Хрватски јазик
- виза за Јордан
- Техничка придружба - Пратител на групата, доколку брои над 15 патници.
- Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
- Задолжително патничко осигурување.
- Евентуални факултативни излети организирани на лице место (крстарење по Црвено Море)
- Бакшиши за локалните возачи и водичи во висина од 45 еур по лице
- Доплата за користење на хотел/соба последниот ден - 45 еур по лице