Бер - Кутлеш - Воден
Состанок на групата во Битола и поаѓање за Бер ( Вериа ). Посета на Берскиот Манастир. Манастирот е сместен на 12 км јужно од Бер во пазувите на планината Шапка, на десниот брег на реката Бистрица. Најблиско населено место е Варвара, кое се наоѓа на половина од Бер до манастирот. Берски манастир „Свети Јован Претеча“, познат и како Берски скит влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија
Во Манастирот Св.Јован Претеча се чуваат мошти од повеќе светци - Јован Претеча, Лука Евангелист, Јован Златоуст. Тука се чува и черепот на Климент Охридски. Потоа заминување за посета за Кралската Гробница, односно на Музејот на кралските гробници во Кутлеш. (Вергина), односно гробниците на Филип II Македонски и Александар IV .
Гробниците и другите археолошки локалитети на Кутлеш беа впишани на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1996 година поради неговата исклучителна архитектура и сведоштво за транзицијата помеѓу градовите-држави и империите во европската цивилизација. Заминување за Вериа. Слободно време. Потоа заминување за Воден и посета на Водeнските водопади - кои настанале се природен феномен кој настанал по силниот земјотрес што ја погодил околината во 14 век. Враќање во Битола во вечерните часови.
Цената вклучува :
- превоз на дадена релација
- организација и водство на групата
Цената не вклучува :
- влезници за археолошките локалитети
- индивидуални трошоци
- патничко и здравствено осигурување