БУКУРЕШТ и замоците на ТРАНСИЛВАНИЈА
( 06-10.12.2024 )
Продолжен празничен викенд во Романија
06.12.2024 Поаѓање за Букурешт во 18 ч преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
07.12.2024 Пристигнување во Букурешт во утринските часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
08.12.2024 Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности или Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Враќање во Букурешт. Слободно време . Ноќевање.
09.12.2024 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на трг.шопинг центар; Факултативно можност за посета на еден од најголемите велнес центри (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 грејани базени. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
10.12.2024 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНА: 8900 ден. за резервации до 30.09.2024. Редовна цена 10900 ден.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 8900.оо до 30.09.2024
и резервација од 1000.оо мкд
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација ( Битола, Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, Крива Паланка)
– сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Букурешт со водич
– лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е вклучено
– задолжително здравствено патничко осигурување 200ден. до 65год., 350ден до 70год.
– целодневен излет до Синаја-дворецот Пелеш, Замокот Бран и Брашов = 25 евра
– доплата за влезници за наведените културни историски споменици (на лице место околу 25 евра)
- Терме – превоз 10 еур+влезница на лице место.
НАПОМЕНИ
Авансната уплата при резервација е НЕРЕФУНДАБИЛНА !!!
- влезниците не се вклучени во цената затоа што истите се променливи и нивната цена не зависи од агенцијата
истите чинат околу 30 евра (Пелеш 50 lei, Бран 70 lei) или околу 25-30 евра) - за оваа факултатива е задолжителна пријава во агенција, која пријава е НЕОТПОВИКЛИВА!!!