Бали 2023
Помеѓу Јава на запад и Ломбок на исток се наоѓа индонезиската провинција со средиште во Денпасар, фасцинантен остров со изобилие на ориз, кокосови палми, кафе и тутун... Феноменални плажи и неверојатна боја на морето - Бали (Bali)!
Еден од 17.508 острови кои припаѓаат на Република Индонезија (Indonesia). Остров кој бил под власт на Холандија, сé додека во текот на Втората светска војна не го превземале Јапонците. Позади името на островот се кријат зборовите: “Утро на светот“, “Остров на боговите“ и “Последниот рај на земјата“.
Бали (Bali) e сместен во пределот на екваторот, со песочни плажи долги стотина километри и големи бранови, претставува мамка за хедонисти и сурфери. Во внатрешноста на островот преоѓаме преку песочни полиња, речни брзаци, се качуваме на вулкански кратери со висина преку 3000м., а поминуваме низ пештери и тропски шуми. На Бали (Bali) постојат шест вулкански купови и две тектонски плочи, опкружени со прекрасна природа во која живеат околу 280 видови на птици, чија песна во комбинација со мирисите на островот ни овозможуваат да се чувствуваме како во рајот.
Народот на Бали (Bali) е дружељубив и пријатен. Неговата календарска година брои само 210 денови. Луѓето буквално живеат за церемонии и прослави, земја каде танцот е секогаш во центарот на случувањата.
Бали (Bali) го краси раскошна хиндуистичка архитектура каде секоја куќа поседува сопствен храм, декориран со шарени релјефни елементи и скулптури облечени во саронг.
Одиме на патување на насмеаниот остров Бали (Bali), каде ќе го испробаме најскапото кафе на светот, додека ги набљудуваме најубавите зајдисонца над Индискиот океан!
КУТА (KUTA)
Кута е најпознато туристичко место на Бали, место кое изобилува со сонце, плажи, сурфање и шопинг. Од плоштадот Кута, кон север, се до Легијан се протегаат најубавите плажи на Бали. Кута не само што е дом на иконската плажа Кута, но исто така е позната и по неверојатните зајдисонца и богатиот ноќен живот. Крајбрежјето е покриено со мек златен песок и покрај плажата се протега долго шеталиште полно со кафулиња и огромен број ресторани. Традиционалниот стил на Бали се гледа во тесните улички каде што се наоѓаат многубројните продавници и тезги.
ЈУЖНА КУТА (SOUTH KUTA)
Јужна Кута се наоѓа во близина на аеродромот Nugrah Rai во Бали, а од десната страна на улицата се наоѓа плажата којашто се протега до плоштадот Кута, кој се одликува со огромен опсег на големи луксузни ресорти, како и со помали поинтимни хотели. Живописното шеталиште се протега околу крајбрежјето на Јужна Кута, кое нуди можности за долги прошетка и фантастични можности за фотографирање. Во оваа област се наоѓаат прекрасните плажи со лесен пристап до различни рекреативни активности, бутици, шопинг центри и голем избор на ресторани.
НУСА ДУА (NUSA DUA)
Нуса Дуа е област во јужниот дел на Бали, позната по своите прекрасни плажи со бел песок, кристална вода, терени за голф и луксузни ресорти и хотели. Ова туристичко место се наоѓа 22 километри од Денпасар, главниот град на провинцијата. Во Нуса Дуа ќе доживеете прекрасно чувство во пространството од градините. Долгата прекрасна песочна плажа којашто е ограничена со гребен, ќе ви овозможи одлична забава, пливање, сурфање и кајакарење. Соседното место е Tanjung Benoa, познато по рибарските села, кои го отсликуваат шармот на Бали со неговите луксузни хотели, шопинг центри, ресторани и убава бела песочна плажа. Храмовите во Нуса Дуа можат да се најдат насекаде, како комплексот Puja Mandala, Pura Segara Nata и многу други, но само храмот Pura Geger е отворен за посетителите во секое време од денот.
САНУР
Санур, некогаш рибарското село, е идеално место за опуштен одмор за фамилии и парови поради бујната тропска градина. Во неговата близина се наоѓаат многубројни продавници и тезги каде што се продават најразновидна облека, уметнички, занаетчиски дела и разни сувенири, како и ресторани и барови кои нудат најразлични специјалитети. Атмосферата на традиционалното село на Бали сè уште живее во Санур.
JIMBARAN BAY
Jimbaran Bay и плажата Jimbaran се наоѓаат најугозападниот брег на Бали. Плажата е дел од тесниот премин кој го поврзува копното на Бали и полуостровот Букит. Плажата и заливот на Jimbaran нудат мали затскриени подрачја, со тишина и мир што можете да ги најдете тука за совршен одмор од стресниот свет. Заливот на Jimbaran има долга плажа со мирни води. Долж крајбрежјето се наредени бројни ресторани со тропско опкружување. На северниот крај, се наоѓа Kedonganan рибниот пазар на отворено. Југозападно од заливот се наоѓаат плажите Dreamland Beach и Balangan Beach, познати по своите силни бранови погодни за сурфање.
УБУД
Убуд е град на Бали, сместен меѓу оризови полиња и стрмни клисури во централното подножје на реката Џијан. Познат е како центар за уметност и културен развој. Убуд има население од 30.000 жители. Целиот град е опкружен со мали фарми, оризови полиња и густа шума. Препорачуваме да го посетите музејот во Убуд кој е центар на балиското сликарство. Во збирката на овој музеј има модерн дела на балиските сликари кои датираат од почетокот на овој век.

УБАВИНИТЕ НА КИНТАМАНИБали е познат по своите традиционални танци. Еден од нив е познатиот танц„Barong & Keris“, кој раскажува приказна од античкиот еп „Рамајана“. При нашето прво застанување на оваа турнеја ќе можете да уживате во убавината и грациозноста на вештите балиски танчери. Танцот ја изразува вечната борба меѓу добрите и лошите духови и завршува со магичниот танц „Керис“. Потоа ќе продолжиме до селото Кемену за да ги посетуваме традиционалните работилниците на талентираните балиски резбари. Патувањето продолжува до Кинтамани за да го посетиме прекрасното езеро Батур и активниот вулкан „Mount Batur“ (1.730 метри). Тука имате можност да ручате уживајќи во неверојатниот пејзаж. Последната дестинација е „Tampaksiring“, „Фонтаната на младоста“ и „Светата пролет“.
МИСТИЧЕН ИСТОЧЕН БАЛИ
Мистичен Источен Бали - Во селото Бату Булан ќе се запознаете со „Батик“ ликовната уметност. По оваа интересна посета, преминуваме кон источниот дел на Бали, во кој доминира планината Агунг (3.142 метри Тоа е најсветиот и највисок вулкан на Бали со последната ерупција во 1963 година. Комплексот „Бесаких“ кој е изграден на една од падините на вулканот е најважниот храм за балиската хинду заедница. Поради оваа причина, познат е како „Мајка Храм“. Во Букит Јамбул, слободно време за ручек и освежувачки поглед кон прекрасната долина. На нашиот пат низ источниот дел на Бали ќе го откриете традиционалното село Пенглипуран. Ова село има уникатна социјална и општествена структура, која датира од 16 век. По враќањето ќе ја посетиме Салата на правдата „Kerta Gosa“ во Клунгкунг, поранешниот главен град на Бали).