Белград
1 ден: 10.03.2023( Петок) Битола - Белград
Состанок на групата пред Спортска Сала на паркингот, во 22 00 часот. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден: 11.03.2023 (Сабота) Белград
Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хотел Hotel Centar Balasevic. Организиран разглед на градот со локален водич, тврдината Калемегдан, најголемата бесплатна атракција на градот, чии порти се нон стоп отворени. Прошетка низ Кнез Михајлова, омиленото шеталиште на Београѓаните, улица која ги спојува Теразија и Калемегдан, наречена е и најубавата пешачка улица во Источна Европа со згради во посебен стил и бутици од најпознатите марки. Плоштадот на Републиката , главно место на состаноци, но и на многубројни културни случувања, концерти, перформанси... Овде се наоѓаат две значајни културни институции, Народниот Театар и Народниот Музеј, плоштадот Терезије, во чија близина се наоѓаат двата најпознати хотели, хотел Москва и хотел Балкан, плоштадот Славија, најпрометниот кружен тек во градот, каде се слеваат седум булевари и Улици .Посета на Храмот Свети Сава, најголемиот православен храм на Балканот, изграден во српско-византиски стил, нејзината градба траела повеќе од 80 години, а е толку голем што во него можат да седат 10000 луѓе во исто време. Враќање во хотелот. Вечерна забава во ресторанот на хотелот со жива музика и свечена вечера. Ноќевање.
3 ден: 12.03.2023 (Недела) Белград
Појадок. Посета на Дедиње, Меморијалниот Центар и Куќата на Цвеќето во која се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пауза за ручек и слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот.Вечерта факлутативно вечера во еден од многуте ресторани на Скадарлија- најбоемското место во градот, каде се служи домашна храна и ракија придружувана од староградска музика во живо. Ноќевање.
4 ден: 13.03.2023 (Понеделник) Белград – Ушче – Битола
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и организиран шопинг во еден од најголемите трговски центри Ушче. Во попладневните часови поаѓање за Битола. Пристигнување во раните утрински часови.
Цена на аранжманот: 8.390 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување на база 2 ноќевања со појадок во хотел Балашевич
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Свечена вечера во ресторанот на хотел Балашевич
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за музеи и културно историски споменици
- Патничко и здравствено осигурување
· Напомени:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 25 патници.