Будимпешта
1.ДЕН : (08.03.2023 – четврток) БИТОЛА Состанок на групата на паркингот пред спортската сала во 15.00 часот. Поаѓање за Унгарија во 15.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад...денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.
2.ДЕН : (09.03.2023 – петок) БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови...разглед на градот со стручен водич...Кралската Палата, Рибарските бастиони, црквата Св.Матејаш, Цитаделата која се наоѓа на брдото Гелерт – култно место од каде панорамата е неопислива...од таму се гледа Будимската тврдина, Парламентот, мостовите на Дунав, Пештанска страна, како и брдата на Буда...базиликата Св.Стефан, Lanc Hid (мостот на лавовите – првиот мост со кој бил премостен Дунав), Парламентот – ремек делото на Имре Штајндл во неоготички стил – најголема зграда во државата, Операта (правена по примерот на оваа во Виена), како и Плоштадот на Хероите – еден од симболите на Будимпешта, изграден 1896.година за цереминијата по повод 1000.години Унгарска држава...овде стојат 14 бронзани статуи на Унгарски великани и статуата на Архангелот Габриел, која ја освои Големата награда на светскиот саем во Париз 1900.година...сместување во хотел. Во вечерните часови – заминување на „Ваци“ – единствена амбиентална улица од таков вид во Европа...препорачуваме посета на најстарата слаткарница во Централна Европа – GERBEAUD, која се наоѓа на плоштад Ворошмарти...факултативно крстарење со брод по Дунав, со кое ќе ја комплетирате оваа магична ноќ...Ноќевање.
3.ДЕН : (10.03.2023 – сабота) БУДИМПЕШТА – ВИЕНА Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативна посета на Виена...панорамски разглед на градот - Панорамски разглед на градот во стручен водич...обиколка на летната резиденција на Хабзбурговците – замокот Шенбрун, палатата Белведере, комплексот Хундертвасер, Рингштрасе, Ратхаус (резиденцијата на градоначалникот на Виена), црквата Вотив, Опера, Универзитетот, Парламентот, споменикот на Марија Терезија – каде завршува панорамскиот разглед, а започнува пешачката тура низ замокот Хофбург (зимската резиденција на Хабзбурговците), па преку улицата Грабен стигнуваме до велелепната катедрала Свети Стефан, каде и завршува разгледот на овој прекрасен царски град...слободно време за индивидуален разглед на градот или едноставно – уживање во Виенско кафе и парче торта Захер... Враќање во Будимпешта во раните вечерни часови. Посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма (факултативно). Ноќевање.
4.ДЕН : (11.03.2023 – недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕЈА – МАКЕДОНИЈА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот – слободно време за индивидуален разглед на градот или посета на најголемиот трговски центар во Будимпешта – АРЕНА ПЛАЗА...околу пладне – (факултативно) заминуваме за СЕНТ АНДРЕЈА (СЕНТЕНДРЕ), едно мало етно-село, врамено во живописен, прекрасен природен амбиент со кривулестата река (Дунав), блиските ридови и планини. Природниот преглед на историскиот град е величествено и уникатно надополнет со човечки креации... кривулести и тесни улици со калдрма, тесни улички, мали куќички во центарот на градот потпрени една на друга и фино обрабени барокни патеки. Уникатниот медитерански градски пејзаж на Сентендре потекнува од српските, македонските, далматинските и грчките доселеници кои биле под водство на патријархот Арсеније Чернојевиќ III во 1690 година, по ослободувањето на Унгарија од Турците...слободно време за уживање во бројните ресторани, снек-барови и слаткарници (местото е исто така познато по изработката на разни креации од марципан). Состанок на групата на претходно закажаното место. Планирано поаѓање за Македонија околу 18.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во утринските часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 7.380,00 денари (119 €)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски ЛИЦЕНЦИРАН превоз (клима, ЦД, ДВД, разглас...) на горенаведената релација, разглед на Будимпешта со стручен водич, 2 НП во Будимпешта во хотел со 3*, ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово...организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице);
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – БУДИМПЕШТА :
- Разглед на Будимпешта со стручен водич - 15 € по лице (задолжителна уплата со резервација на аранжманот);
- Крстарење со Брод по Дунав – 20 € по лице;
- посета на „Чарда“ со комплетно мени и програма – 35 € по лице;
- посета на Сент Андреја - 10 € по лице;
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА – ВИЕНА :
- Посета и разглед на Виена со стручен водич – 35 € по лице
НАПОМЕНА : За реализација на факултативата потребен е минимум од 30 пријавени патници.
УПАТСТВА за време на патувањето и престојот во Р.Унгарија :
- Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
- ВАЖНО : Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- ВАЖНО : Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ (Унгарија) или Србија.
- Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во ЕУ, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на завршување на аранжманот, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
- Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.