• ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ

ВОЈВОДИНА-НОВИ САД-СОМБОР-БЕЛГРАД

1.ДЕН (29.04.2022 – петок) БИТОЛА : Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 21.00 часот. Поаѓање за Србија во 21.30 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Белград...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
2.ДЕН (30.04.2022 – сабота) НОВИ САД : Пристигнување во можеби најубавиот град во Р.Србија во уттринските часови. Кратка пауза, по која започнува разглед на истиот со стручен водич... плоштадот на Слободата,  Катедралата „Име Маријино“ – изградена 1894 година на местото на мала скромна црква од 18.век, висока 72 метри и украсена со витражи направени во Будимпешта...влезете во оваа „мирна куќа“, ако за ништо друго – барем ќе се воодушевите од минатото време, кое е сочувано за посетителите, „Дунавската улица“ – главната ризница која љубоморно ја чува вистинската и најстара историја на овој град, Општинската зграда, Домот на ЈНА, Новосадската Синагога, улицата „Змај Јовина“ - најпознатото шеталиште, кое изобилува со бројни продавници, кафичи и ресторани, а дефинитивно она по кое Нови Сад е најпрепознатлив е Петроварадинската Тврдина, која во своите зидини крие приказни на генерации и генерации, за нивните битки и порази...Австрија ја изградила тврдината во периодот од 1692-1780 година, како одбрана од Турците. Најважниот „жител“ на тврдината е часовникот, кој уште го викаат и „пијан часовник“...датира од периодот околу 1750.година...автентичен е по тоа што малата сказалка ги покажува минутите, додека големата сатите...причината за ова било за да може истиот да се распознава од поголема далечина, од градот или од Дунав. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.
3.ДЕН (01.05.2022 – недела) НОВИ САД – СОМБОР – ПАЛИЧ : Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот, или Ви нудиме – полудневен излет (факултативно) до Сомбор, кој е град со богато културно наследство, чувар на старата традиција и богата историја, каде што многу уметници и поети ги создадоа своите најистакнати дела и го најдоа својот широко познат равничарски мир...прошетката со нашиот стручен водич започнува низ „Париската“ улица и се упатуваме кон плоштадот на Цар Урош, каде е сместена Жупанијата – веројатно најмомументалното здание во Сомбор...подигната 1808.година, за потребите на администрацијата на Бачко-Бродошката жупанија, а сегашниот изглед го добива во 1882.година. Во свечената сала на ова здание се чува позната слика „Битката кај Сента“ – најголемо сликарско платно на просторите на бивша Југославија и ja претставува најголемата победа на Христијанската (Австриската) војска над Турците и почеток на распадот на Отоманската Империја...покрај Жупанијата се наоѓа „Паркот на Хероите“ и Кармелската Црква која до ден - денес е највисок објект во Сомбор, каде се изведуваат служби на Хрватски, Унгарски и Германски јазик. Она што е Змај Јовина во Нови Сад, тоа е улицата на Крал Петар I во Сомбор. Бројни продавници и кафулиња со летни градини се наоѓаат тука и може да се смета за најтесен центар на градот. Покрај прекрасните згради како што е Српската читална од 1882 година, таа е украсена со две интересни статуи, од кои првата покажува дека сомборскиот писател Веjко Петровиќ држи книга од чии страници излегува птица, додека втората го отелотворува Ернест Бошњак, основач на Југословенската кинематографија. Последен во низот на плоштадите во Сомбор е плоштадот на „Светото Тројство“, каде се наоѓа и истоимената Католичка црква, која ја подигаат Фрањевците во раниот 18.век...на љубителите на архитектурата може да им бидат интересни и Магистратот (Градската куќа), палатата Грашалковиќ, Крониќ – палатата – домови на многу уметници и угледни фамилии кои придонеле за развојот на овој „Царски“ град во Војводина...преку идиличното местенце Бајмок се упатуваме кон Палич и истоименото езеро, сега Национален парк, поради термалните води, чистотата на езерото, флората и фауната која вегетира на овој простор...конечно – пристигнуваме до винаријата БОГДАН, погодувате – наречена по надалеку прочуениот пејач – Звонко Богдан, кој е и сопственик на истата...можност за обиколка на винаријата и дегустација на вината кои се произведуваат овде...враќање во Нови Сад во касните попладневни часови. Вечерта е време за Чардаш и тамбураши...Ноќевање.
4.ДЕН (02.05.2022 – понеделник) НОВИ САД – БЕЛГРАД – БИТОЛА : Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за Белград...панорамски разглед на градот... црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата на кнезот Михаило (изградена 70-те години од 19.век, претставува главно сведоштво за континуираниот напредок и развој на градот...улицата во која се пронајдувани остатоци од антички цивилизации со векови оставала чекори од Римјаните, преку Турците и Австријците, се до ден-денешен), плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан (нема да верувате, ама оваа тврдина е подигната уште во 1.век, прво како дрвена палисада со земјани бедеми, за да низ вековите се развие во Римски каструм, Византиска тврдина и на крајот во Австриско артилериско утврдување...самата тврдина има 13 капии и 5 кули кои биле стратешки градени со цел одбрана од непријателот – како од копно, така и од вода...) – каде и завршува разгледот...слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Предвидено поаѓање за Македонија околу 16.00 часот. Денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори. Пристигнување во Битола во касните вечерни часови.  
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 5.890,00 денари (95 €) – EARLY BOOKING ЦЕНА (за УПЛАТА до 02.04.2022)!!!
                                               6.760,00 денари (109 €) – РЕДОВНА ЦЕНА
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 2 НП во хотел со 3* во Нови Сад, разглед на Нови Сад со стручен водич, посета на Белград, ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Струга, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово, организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (160,00 ден. – по лице); ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Полудневен излет и разглед со стручен водич на Сомбор – 25 € по лице (минимум 30 лица – препорака!); вечера со тамбураши – 20 € по лице.
​
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
-          За ова патување не е потребен PCR тест.
-          За ова патување влезот во Р.Србија – покрај патната исправа, може да се оствари и со лична карта. Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
-          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
-          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, УПЛАТЕНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ ВРАТЕНИ НА КЛИЕНТОТ.
-          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ