ВЕЛИНГРАД
(Сандански – Банско)
08.03.19 Поаѓање во 05 ч за Велинград со попатна пауза (1-2 часа) во летно-зимскиот центар Сандански. Продолжување за Велинград – најпознат бањски центар во Бугарија со преку 80 минерални извори, така наречен “Спа престолнина на Бугарија”, со многу хотели, санаториуми, прекрасна природа за уживање. Сместување во Спа - хотел. Можност за користење на минерален базен, сауна, џакузи, фитнес, парна бања. Ноќевање.
09.03.19 Појадок. Слободно време за индивидуални активности во Велинград. Во хотелот бесплатно користење на минерален базен, сауна, џакузи, парна бања, фитнес. Ноќевање.
10.03.19 Појадок. Поаѓање за Македонија со попатни паузи во: Банско - најголемиот зимски центар на Балканот и Мелник - најмалото живописно гратче во Бугарија познато по Пирамидите од песок и производство на вино со можност за посета на Музеј за вино со дегустација. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 4600 денари
Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација,
- 2 ноќевање со појадок - во спа – хотел со 3*
(бесплатно користење на затворен минерален базен, фитнес, сауна,парна бања...)
- попатни паузи во Сандански, Банско и Мелник
- организација и придружник на патувањето.
Во цената не е пресметано:
- патничко здравствено осигурување
За реализација на програмата потребен е минимум од 40 патници.
Напомена: Рок на пријавување до 25.02.19 година.