• ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ

Врњачка Бања

1 ден 12.02.2022 Битола – Скопје -  Врњачка бања
Состанок на групата на Спортска Сала  во 22:45 часот и поаѓање за Врњачка бања во 23:00 часот. Пристигнување околу пладне. Разгледување на Врњачка бања каде денес има седум извори на минерална вода, четири од нив се користат за балнелошка терапија, „Топла вода“, единствена бања која има температура како и човечкото тело (36,5ц) и се користи за капење и пиење. Бањите „Снежник“ (17ц), „Језеро“ (27ц) и „Слатина“ (14ц) се студени минерални води, две од нив (од изворите Топла вода и Врњачко врело) се флашираат во „Вода Врњци“. Сместување во хотел „Даница“. Време предвидено за индивидуални активности и одмор. Вечера. Ноќевање.

2 ден 13.02.2022 Врњачка бања (Жича, Краљево)
Појадок. Прошетка низ околината на Врњачка бања која е богата со културно – историско наследство, а според Унеско е сместено во редот на Светски градини. Пред се црквите Лазарица и Св. Петка, како и манастирите Студенице, Љубостиње, и Жича, за каде е предвидена факултативна посета, оддалечен е околу 30 км. од Врњачка бања. Го подигнал Стефан Првовенчан со својот брат Сава, а градењето траело 20 години, конечно е завршен 1208 година. Манастирот е седиште на првата Српска архиепископија. Најстарите фрески во манастирот се сликани по 1219 година... на враќање кон Врњачка бања ќе се направи пауза во Краљево за кафе, ручек, прошетки. Вечера во хотел. Ноќевање.  

3 ден 14.02.2022 (понеделник) Врњачка бања – Скопје -Битола 
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време до 12 часот кога е предвидено тргнување за Лесковац . Пристигнување околу 12часот. Слободно време за прошетки, шопинг или ручек со познати српски специјалити. Враќање во Maкедонијa во вечерните часови 

Цена на аранжманот по лице: 5.500 мкд. (89 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:
⦁ автобуски превоз на наведената релација
⦁ сместување во хотел „Даница“ (www.vagres.rs/danica) на база 2 полупансиони
⦁ разгледување на Врњачка бања 
⦁ организација на аранжманот со пратител – придружник на групата за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
⦁ задолжително патничко – здравствено осигурување
⦁ туристичка такса 1,5 евро на ден по лице
⦁ факултативна посета на манастирот Жича 10 евра
⦁  факултативен ручек во ресторанот ,,Томина Прича’’  

Напомени:
⦁ За реализација на аражманот е потребен минимум од 30патници
⦁ За со сопствен превоз - 3.350,00 денари за 2 HB, 5.000,00 денари за 3 HB.

Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ