ЗАНЗИБАР 2023 Индивидуална
Скапоцени камен во Индискиот Океан; Тропски остров со турбулентно минато, богата историја, култура и традиција; Недопрени бели песочни плажи, егзотика и раскошни природни богатства; Вкусни Свахили специјалитети; Прекрасни, гостопримливи и насмеани луѓе...
ХОТЕЛ • ТРАНСФЕРИ • АСИСТЕНЦИЈА
» Голем избор на сместувачки капацитети.
» Флексибилен број на ноќевања.
» Вклучен пречек, асистенција, трансфери.
» Можност за факултативни екскурзии.
ЗАНЗИБАР - ТАНЗАНИЈА
На само 6° јужно од екваторот, долж источниот брег на Африка, се наоѓа тропскиот остров Занзибар - скапоцениот камен на Индискиот океан, архипелаг со турбулентно минато и богата историја, култура и традиција; недопрени бели песочни плажи со многу сонце; раскошни природни богатства со ретки и егзотични видови на флора и фауна; вкусни свахили јадења; прекрасни, гостопримливи и насмеани луѓе.
Кога ќе стапнете на тлото на Занзибар, ќе добиете необично чувство како да сте се вратиле во минатото, во земјата каде што стотици години се одвивала трговијата со зачините - ванила, морско оревче, цимет и шафран, земја во која чекореле многу трговци од далечната Европа, Блискиот Исток, Кина и Индија. Занзибар е остров кој често бил цел на различни освојувачи низ историјата што придонело за обликување на културните вкусови на островот. Па така, влијанијата на персиската, арапската, португалската и британската култура се евидентни.
Занзибар отсекогаш претставувал спој на мистерија и егзотика, што најдобро може да се почувствува во главниот и единствен град на островот - Стоун Таун (Stone Town). Овој град многу малку се променил во последните 200 години, а поради мноштвото фасцинантни градби кои го красат, УНЕСКО го заштити како дел од светското културно наследство. Безброј испреплетени тесни улички; хаотични пазари каде што можете да пробате локални специјалитети од морска храна и да купите автентични рачно изработени сувенири или пак да уживате во мирисите на зачините; мноштво џамии, големи арапски куќи со раскошни дрвени врати, британски колонијални палати... А штом излезете од градот.... следи нова авантура, сосема поинаков начин на живот.
Заборавете на сè што сте чуле или сте мислеле дека знаете за Занзибар и изгубете се во свет каде што Хакуна Матата е главното животно мото, појдете на патување кое ќе ви понуди незаборавно искуство и магијата на тропскиот рај.
Корисни информации
ВИЗА
Визата се добива на аеродромот во Танзанија, откако ќе слетате. За визата за Танзанија потребно е да понесете две фотографии 3,5 x 4,5 на бела позадина и по 50$ (банкноти понови од 2009 година). Визата може да ја платите и со картичка, за што може да Ви пресметаат провизија. Поради тоа, сугерираме визата да ја платите во кеш, во Американски долари. Што се однесува на фотографиите, некогаш ги бараат- некогаш не, но подобро е да носите со себе за секој случај. Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќање од патувањето и да содржи најмалку две празни страници, слободни за нови печати.
ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За Занзибар не е задолжителна никаква вакцина. Вакцина против жолта грозница не е задолжителна, ниту на Занзибар има опасност од “заболување“ со жолта треска. Што се однесува до маларија, Занзибар, според Светска Здравствена Организација има статус на “pre-elimination" зона, што значи инциденца помала од 1 на 1000 луѓе. За маларија не постои вакцина, но постојат апчиња. Со оглед на тоа што 99.9% нема ризик од заболување со маларија, најголем број од нашите патници не решаваат да ги пијат овие апчиња поради нивните нуспојави. Секако сите овие податоци препорачуваме да ги проверите со Институтот за Јавно Здравје во Македонија.
Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани. Исто така понесете и Аутан или некое слично средство против комарци.
ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
На Занзибар температурите се високи во текот на целата година, но временските прилики се менуваат во зависност од периодот од годината. Потребно е да понесете летна и лесна облека, но задолжително земете нешто со долги ракави пред сé заради авионите но и заради можноста да падне температурата, особено навечер. Дневната температура се движи помеѓу 28-30 степени целзиусови, додека навечер може да падне до 20-24 степени.
Долги ракави и панталони се препорачуваат и како заштита од комарци при посетa на селата, но и заради разгледување на Stone Town каде е потребно да бидете пристојно облечени, со оглед на тоа што поголемиот дел од населението е со исламска вероисповест. Советуваме да бидете спремни за високи температури и да носите крема со заштитен фактор, шешири и марами за заштита со сончевите зраци. Понесете пешкири за на плажа и по еден за туширање. Во сместувањето има, но советуваме да имате и еден свој за туширање.
На излетите погодно би било да носите затворени и удобни обувки заради пределот по кој пешачиме.
* Сафари – За сафари е потребно да носите облека со суптилни бои (избегнувајте темни бои како црна, темно сина но и флуросцентни, живи бои), долги ракави и панталони заради температурата која може да падне и под 15 степени целзиусови во националните паркови, шешири, капи, наочари за сонце и марама со која може да го спречите вдишување на прашина.
** Постои можност за посета на основно училиште на Занзибар, така што доколку имате желба и можност можете за дечињата да припремите и да носите боички, пенкалца, тетратки или нешто од школски материјали.
*** Треба да се води сметка доколку се патува на Занзибар за време на Рамазан, дека е неопходно пристојно облекување, што подразбира покриени нозе и рамења (долги ракави), особено кога се оди во обиколка на поголемите места како што е Stone Town.
БЕЗБЕДНОСТ
Градовите и местата кои си посетуваме за време на патувањето се безбедни, но секако советуваме да внимавате на своите лични работи, документи и пари (како и на патување во било кој европски или некој друг град). Занзибар е безбедно место во текот на денот и ноќта, посебно на туристичките места. Навечер, препорачливо е да се шетате со групата, односно да се држите само до осветлените делови каде се движат туристите. Локалците се особено пријателски настроени кон туристите и сакаат да се дружат и да се запознаваат. Поголемиот дел од локалците се подготвени да Ви помогнат околу секоја ситуација, без притоа да бараат нешто за возврат.
Уличните продавачи често може да бидат напорни со желба да продадат сувенири. Во состојба се неуморно да ги следат туристите со цел да продадат нешто, што за некого може да биде непријатно. На Занзибар постои Масаи малцинство кое држи до себе и до својата традиција и најчесто работат како обезбедување во хотели и продавници за сувенири. Локалците заклучиле дека на туристите им е интересно кога ќе видат Масаи, па често така “маскирани” продаваат нелегални супстанци. Секоја употреба на опојни супстанци е забранета со закон и потребно е да избегнувате такви понуди.
Водете сметка кога фотографирате некој, задолжително е однапред да прашате и да добиете дозвола.
На Занзибар водете сметка за ежови, медузи (доколку ги има) и кокосовите ореви кога шетате под палми, кои можат “ненајавено“ да Ви паднат на глава...
ПРЕВОЗ
На Занзибар, доколку имате потреба, можете да се движите или со такси, или со бода-бода. Цената за такси, најдобро би било да ја договорите однапред. Таксињата на Занзибар имаат црвени таблички и истите лесно ќе ги препознаете. Генерално, таксистите возат поголеми Тојоти, кои собираат до 6 патници. Бода-бода, на Занзибар, се мотори кои ги возат локалци и кои може да ве пренесат од Точка А до точка Б. Лесно се приметуваат на улица. Доколку не сте сигурни, може да прашате “бода-бода“? Ова е најефтиниот начин за превоз, но максимум може еден човек да се вози на еден мотор, па таксито секогаш е покомфорна и ефтина опција доколку сте повеќе лица кои треба да користите превоз. Секако, за сите овие работи, можете да продискутирате со нашиот претставник на лице место.
ПЛИМА И ОСЕКА
ИСТОЧЕН ЗАНЗИБАР (PAJE, JAMBIANI, MICHAMWI, MATEMWE, BWEJUU, KAE FUNK)
Бидете подготвени да се навикнете на големите разлики помеѓу плимата и осеката на целиот остров (особено на југот и на истокот) и тоа е така во текот на целата година. На секои 6 часа доаѓа до промена на „low tide“ и „high tide“ и треба да знаете дека кога морето ќе се повлече, за жал тогаш нема можност за пливање. Секако, ова време може да го искористите за уживање во хотел или на некои од излетите кои ќе Ви овозможат да ја запознаете дестинацијата од некој друг, поблизок агол.
СЕВЕРЕН ЗАНЗИБАР (НУНГВИ И КЕНДВА)
На Северот на Занзибар плимата и осеката не е изразена, па може слободно да уживаме во Индискиот Океан преку цел ден. Ова се местата каде генерално движат нашите групи!
ХРАНА И ВОДА
Исклучително важно е да пиете само флаширана вода, со нејзе да миете заби и да избегнувате мраз во пијалоците. Кога ќе јадете овошје и зеленчук измијте го со флаширана вода и излупете го. Храната на Занзибар е базирана на ориз, зачини како што е кари, мускатно оревче во комбинација со месо, или риба, јастози, октопод. Цените на оброците на Занзибар варираат, но просечна цена на оброк во ресторан на Занзибар е 5-20$, пиво и сокови околу 3-4$, коктели од 5-10$.
Заклучокот на нашите патници (и наш лично) е дека на Занзибар има прекрасна храна, дали традиционална, морска или интернационална. На Занзибар можете да јадете превкусен и ефтин јастог, морски плодови, риба, но и бургери и пица. Храната во рестораните каде одат туристи е 100% безбедна и превкусна. Не препорачуваме да јадете улична храна (street food) без при тоа да се консултирате со нашиот претставник на дестинацијата. Во Stone Town, посебно во Фородани пазарот, има места каде можете да пробате безбедна и вкусна улична храна (пр. Занзибарска пица или палачинки). За истото, најдобро би било да се консултирате со нашиот претставник на дестинацијата.
ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Некои од нашите мрежи, се случува да не функционираат во Танзанија и на Занзибар, па затоа препорачуваме да купите локална картичка за секој случај. Интернетот е достапен на рецепција и во рестораните на хотелите. Локален број може да се купи во импровизираните трафики кои се наоѓаат на главната улица Kenyatta во Stone Town или во продавниците со опрема за мобилни телефони. Таму обично се продаваат сим картички (Zantel, Tigo…) Сите картички функционираат така што се активираат пакети по пат на смс порака и во зависност од уплатените средства се добиваат одреден број гигабајти и одреден број минути и смс пораки (меѓународни или локални). Картичка со 10 GB интернет чини околу 10-15$.
СТРУЈА
Потребно е да понесете адаптер за струја – влез како за Велика Британија (штекерите се со 3 сплоснати влезови). Aдаптери не може да се купат на самата дестинација.
ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Танзанија и Занзибар е Танзаниски шилинг. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 2.652 TZS
1 USD = 2.300 TZS
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување.
Парите може да ги замените во шилинзи или да плаќате во долари, важно е банкнотите да бидат од 2009 година или понови. Советуваме кога ќе слетате на аеродром да замените мал износ во локална валута (30-50$). Постојат банкомати, но не се лесно достапни. Картички може да се користат во ретки случаи, и обично за плаќање со картичка има дополнителна провизија од 2-5%. Исконтактирајте ја Вашата банка и пријавете дека патувате во странство, како не би Ви ги блокирале картичките.
Во повеќето менувачници на Занзибар даваат повисок курс за поголеми банкноти (50 и 100 долари), а понизок курс за помали банкноти (1, 5, 10 и 20 долари).
Сите излети на Занзибар чинат 160-300$ (без сафари).
На Занзибар планирајте да трошите најмалку 20$ на ден, а за комфорен престој (без да се стискате), планирајте да трошите помеѓу 30 и 50$ на ден, по лице, за сите оброци, сувенири, излегувања навечер, пиење на плажа итн.
СУВЕНИРИ
Од сувенири препорачуваме: прочуените слики со техниката Tingatinga, традиционална облека и материјали, предмети и скулптури од дрво, кафе од Килиманџаро, традиционална музика, накит, предмети поврзани со културата, зачини од Занзибар. За купување на сувенири на Занзибар, потребно е (и од Вас се очекува) да се ценкате...
ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC+3, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Танзанија е 2ч, а во текот на летното сметање на времето е 1ч, затоа што Танзанија не преминува на летно сметање на времето.