Познатата туристичка дестинација и последните години, една од најбараните во Европа, ги има најдобрите сместувачки капацитети на Црното Море. Како соседна земја, со својата близина и прифатлива туристичка понуда, преку целата година претставува интересна туристичка дестинација на македонските патници. Софија – главениот град, како и познатите зимски, бањски и летни туристички центри се главниот адут со кој оваа земја се докажува пред големата публика на обединета Европа. Динамичниот развој на Бугарија, преку големите странски инвестиции, можеби е најприметлив токму во местата каде туризмот е основна стопанска гранка. Црноморскиот брег, познат по убавите песочни плажи и умерената медитеранска клима, на својата 380 км долга ривиера вбројува преку 30 туристички места. Голем дел од нив се носители на признанието EU Blue Flag, поради природната убавина и извонредна уреденост. Во брошурите на големите европски туроператори, се почесто се застапени познатите црноморски центри, како Златни Песоци, Албена, Сончев Брег, Несебар... Тие нудат голем избор на хотели, како и богата вонпансионска понуда на услуги по поволни цени. Во нашата понуда за ова лето ќе најдете хотели од сите категории во горенаведените дестинации.
|