ИСТАНБУЛ
1 ден 18.01.2024 МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА
Поаѓање во 17 часот . Ноќно возење преку Грција , гранични формалности и попатни паузи...
2 ден 19.01.2024 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во претпладневните часови. Се упатуваме кон хотелот да го оставиме багажот и ако се спремни собите да се сместиме (регуларно check in е после 14 часот) . Доколку не се спремни собите со локалниот водич се упатуваме на пешачка тура: посета на познатата џамија Сулејмание- изградена во чест на Султан Сулејман, каде се наоѓаат и тубињата ( гробниците) на Султанот и Хурем Султан. Од видиковецот се простира прекрасен поглед на Истанбул. Продолжуваме кон Капали Чаршија, посета на Плава Џамија, Света Софија па се до Египетскиот пазар - Мисир Чаршија, поминуваме низ Џулхане и Сиркеџи, улички со сувенири, кафе, ресторани, да ги видите и вкусите сите бои и мириси на истокот и западот, да се почувствува ритамот на градот. Слободно време. Потоа се враќаме во хотелот и се сместуваме. Слободно време до 19:30 часот кога се упатуваме на факултативен разглед на ноќен Истанбул: областа Галата со посета на Галата Кула, плоштадот Таксим. Во договорено време се враќаме во хотелот.
Ноќевање.
3 ден 20.01.2024 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот продолжуваме на незаборавно Крстарење по Босфор - да доживееме еден поинаков Истанбул со целиот негов раскош виден од вода. По завршуваме на крстарењето се упатуваме на посета на најубавата палата Долмабахче Сарај- прва историска палата на Османлиската империја изградена во европски стил, тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, “таткото” на модерната Турција. Слободно време... Продолжуваме во договореното време кон областа Чамлиџа, прекрасен видиковец во прекрасна природа. Продолжуваме кон областа Ускудар од каде ќе можи да ја видиме Моминската кула и да направиме прекрасни фотографии. Потоа се упатуваме кон познатата област Ортакој која се наоѓа под првиот висечки мост. Позната е по вкусниот полнет компир , слатки вафли, кафетерии и сувенирници... Во договорено време се враќаме во хотелот.
Ноќевање.
4 ден 21.01.2024 ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон позната продавница за баклави, локуми, овошни и чоколадни бонбони, сувенири, чаеви, разни креми за разубавување и креми за болки по поволни цени. Потоа продолжуваме со посета на областа Балат, позната по своите шарени куќи и тесни улички, со прекрсни стилски мали кафетерии. Тука се наоѓа и Вселенската Патријаршија, значаен симбол на христијанството и Железната Црква, која е донација и изградена од македонски мајстори. Потоа продолжуваме кон видиковецот Пјер Лоти каде пристигнуваме со жичара. Тука го има највкусното кафе припремено на жар со прекрасен поглед кон Златниот рог - почетокот и крајот на Босфорот , ѓозлеме, традиционални турски чајџилници, лимонада ... Слободно време.
Потоа се упатуваме кон познатиот Трговски Центар ФОРУМ ИСТАНБУЛ. Ќе имате можност за индивидуална посета на Големиот Аквариум “Turkuazoo”. Во непосредна близина се и продавниците Декатлон и Икеа. Попладне се упатуваме кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
5 ден 22.01.2024 МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 115 ЕУР
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Цената вклучува:
- превоз со автобус на дадената релација
- сместување во Хотел 3*, во областа Лалели 2 ноќ со појадок
- посета на шопинг центар Форум, Декатлон и Икеа
- професионален туристички пратител
Цената не вклучува:
- задолжително: туристичка такса, пешачка тура џамија Сулејмание, Капали Чаршија, Сина Џамија, Света Софија, Мисир Чаршија, - 15 еур
- факултативна посета на Пјер Лоти - 10 еур
- факултативно Ноќен Истанбул ( Галата, Таксим) - 15 еур
- факултативна посета на палатата Долмабахче Сарај ( водич, слушалки, Дворец + Харем) – 35 еур
- факултативно Крстарење по Босфор – 20 еур
- Чамлиџа и Ускудар – 10 еур
- индивидуална посета на Аквариум - ( цената е променлива)
- доплата за еднокреветне соба - 3.500 ден.
НАПОМЕНА:
Важност на патните исправи најмалку уште 6 месеци од денот на враќање.
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За изведување на факултативните излети е потребен потенцираниот минимум патници. Во спротивно организаторот има право да ја зголеми цената на екскурзијата, или во краен случај да ја откажи.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки од страна на организаторот.