ИСТАНБУЛ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
1 ден 14.04.2023 (петок)
Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines-TK 1004 во 08:40 часот. Слетување во Истанбул во 11:15 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: Предлог-Прошетка по Лалели со посета на пазарот Капали Чаршија, посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот, Посета на Karakoy –место со премногу улички со кафичи, една од нив е познатата улица на чадорите…
Во 21.30 часот (факултативно)организиран панорамски разглед Истанбул ноќе со автобус и водич. Враќање во хотел. Ноќевање.
2 ден 15.04.2023 (сабота)
Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) со стручен водич и автобус посета на Вселенската Патријаршија и Балат. Следува посета со влез на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај. Градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Денот го продолжуваме со крстарење по Босфорот со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Разгледувањето продолжува во Азискиот дел и се посетува најголемата Џамија – Чамлиџа. Слободно време за ручек во познатата област Ушкудар со поглед накај Моминската Кула. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
3 ден 16.04.2023 (недела)
Појадок. Во 09.00 часот (факултативна пешачка тура) со стручен водич: прошетка по Султан Ахмед плоштадот и Византискиот Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј... и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустинијан. Слободно време за ручек.
Враќање во хотел. Во 20 часот (факултативно) организирано крстарење со брод по Босфор ( организиран превоз , вечера и забава со музика) . Ноќевање.
4 ден 17.04.2023 (понеделник)
Појадок. Одјавување од хотелот за тие што сакаат да го искористат времето до трансферот. Предлагаме индивидуална прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим или индивидуална посета на Сафир Сеир Кулата од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул. Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино (надлетување на најзначајните историски обележја: Аја Софија, Топ Капи, Моминската кула, Босфор, Цистерната, Галата мостот...) Посета на трговскиот центар Џеваир кој се наоѓа во непосредна близина.
Организиран трансфер до аеродром околу 15:00 часот. Полетување за Скопје во 19:00 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот.
Во цената се вклучени следниве услуги:
· Авио билет Скопје – Истанбул - Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж

- Организиран трансфер: аеродром – хотел - аеродром
- Организација и пратител на патувањето
- Панорамски 3 часовен разглед на Истанбул ноќе ( 35 € со автобус и водич )
- Посета на Вселенската Патријаршија ,Долмабахче, крстарење со брод , Азиски дел од Истанбул (65 € со трансфер, водич влезница за во палатата дополнително се плаќа 20 € )
- Вечера на брод (65 € по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалоци на бродот)
- Разглед на градот со посета на Хиподром, Аја Софија, Сина Џамија , Топкапи ,( 45 € со локален водич , влезница за Топкапи палатата се доплаќа 20 € )
- Патничко и здравствено осигурување
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
- За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
- Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, најкасно 7 дена пред тргнување
- Краен рок за пријавување 01.04.2023. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 25 патници