Драма - Кавала
Поаѓање од Битола за Кавала преку граничен премин Меџитлија. Пристигнување во Кавала, разглед на градот: тврдината, Имаретот изграден во 1817 г – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али – основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Слободно време во центарот на Кавала – покрај море за да се ужива во украсениот дрвен Брод поставен во централниот плоштад, кој е украсен со илјадници шарени ламбички, како и да се ужива во мирисот на традиционалните божиќни слатки “ гурабии“ и “melamakarono“ – колачи со ореви полиени со сируп, во убавите грчки слаткарници.
Поаѓање за Драма. Пристигнување во Oneiroupoli – Драма на традиционалниот Волшебен Божиќен Парк – кој е вистинска атракција. По повод престојните Божиќни празници целата тематска Божиќна приказна е претставена на 20000 м2: Дрвена куќичка на Дедо Мраз, куќа на самовили, божични штандови на кои се продаваат автентични сувенири и подароци. Во овој период градот живее во весело расположение, музички концерти и претстави, вкусна храна, пијалоци, божиќни колачи. Приквечер околу 18:00, поаѓање за Битола и пристигнување во доцните вечерни часови.
Во цената се вклучени следните услуги:
– автобуски превоз на дадената релација
– разгледување на Кавала
– посета на Божиќниот забавен парк во Драма
– организација и придружник на патувањето
Во цената не се вклучени следните услуги:
– здравствено патничко осигурување
– влезници за факултативните посети