КРУЈА – ЕЛБАСАН
Состанок на групата во 04:45 и заминување за Круја во 05:00 часот, од пред Спортската Сала. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Круја околу 9-10 часот и разглед на градот - Старата чаршија, Замокот, Мавзолејот на Скендербег .
Круја е град во централнниот дел на Албанија, на само 32 км од Тирана и е главен центар на средновековната албанска држава, како и еден од најпознатите и најпосетените туристички дестинации и знаменитости на Албанија. Слободно време за ручек. Потоа заминување за Елбасан. Посета на Елбасанската тврдина која била изградена во 15 век, а реконструирана во времето на османлискиот султан Мехмед II. Во времето кога била изградена, таа имала 26 кули кои биле поставени на еднакво растојание, а нејзините ѕидини биле високи околу 9 метри. Познатата Вија Егнација минува низ неа.
Заминување за Македонија околу 17:00 часот . Пристигнување во Македонија околу 21:00 часот.
Цената вклучува
- Превоз на дадената релација
- Организација и водство на групата