кападокија со анкара и солено езеро
Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток... Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската... Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “
1 ДЕН 08.10.2019 СКОПЈЕ - КАПАДОКИЈА:
Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09 30 ч.. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку Грција, граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул...), со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН 09.10.2019 СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ - КАПАДОКИЈА:
Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 8о км. Широко 50 км. Длабоко 50 см. ( во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро... По одморот продолжуваме кон Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Индивидуална прошетка и запознавање со местото. Во пoпладневните часови започнува магијата на Кападокија. Предлагаме возбудлива посета на ЦРВЕНА ДОЛИНА, број 1 место на најубавиот залез на сонцето. Излетот го комплетираме со ATV-QUAD SAFARI тура. (факултативно). Вечера.
По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарај од 1259, сместен покрај некогашниот пат на свилата. Ноќевање.
03 ДЕН 10.10.2019КАПАДОКИЈА : ЛЕТ СО БАЛОН - ГОЛЕМА ТУРА – ТУРСКА ВЕЧЕР
Денот е предвиден за 3 возбудливи факултативни излети:
1. ЛЕТ СО БАЛОН:
Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон, над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите... уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно се издига, слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот, воодушевувајте се на магијата со која Пилотот управува и восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 80-100 балони во лет, и секако магичнот изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балонот.
Враќање во хотел. Појадок.
2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град Деринкују, изграден од вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, 8 катови, 55 м. под земја... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, од двете страни опколена со цркви на карпите. Прошетката е во должина од 3 км. со пауза за освежување во традиционална чајџилница... Пауза за ручек во селото Белисирма... Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот религиозен објект во областа Кападокија, издлабен во карпите во 13 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир, со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. За крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Вечера.
3. ТУРСКА ВЕЧЕР:Во вечерните часови ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија. Богатото шоу го следиме со дегустација на локално вино, турско мезе и вечера. Враќање во хотел. Ноќевање.
04 ДЕН 11.10.2019: КАПАДОКИЈА: СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА - АНКАРА
Појадок. Одјавување од хотел. Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот 10-12 век, велелепни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј... Комплексот е под заштита на УНЕСКОод 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Следи разглед на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила... а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци. Можност за дегустација на локални вина во една од најстарите винарии во Кападокија. Вечера во ресторан во Гореме/Чаушин.
... Полни со впечатоци, поаѓаме кон Анкара. По пристигнувањето, сместување во хотел. Слободна вечер за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање
05 ДЕН 12.10.2019АНКАРА
Појадок. Напуштање на хотелот. Заминуваме на разглед на главниот град на Турција со локален водич (факултативно)...Големата џамија, Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција, Етнографскиот музеј, старата зграда на Парламентот, ... Слободно време за индивидуални активности. Во договор со водичот, состанок на групата и поаѓање кон Македонија. Се патува покрај Истанбул, граничен премин Ипсала, преку Грција, (Кавала, Солун) граничен премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
06 ДЕН 13.10.2019 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија :
ХОТЕЛ во КАПАДОКИЈА 3/4* - Невшехир, Аванос, Ургуп
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2019: 155€ / 9.610 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 175€ / 11.100 ден
ХОТЕЛ ТУРИСТ 4* - Ѓореме - Наша препорака ! Од просторот пред хотелот полетуват балоните !
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2019: 169€ / 10 480 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€ / 11.720 ден
CAVE / STONE ХОТЕЛИ - Ѓореме - Наша препорака ! Доручек со поглед на балоните кои летаат над вас !
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2019: 179€ / 11.100 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€ /12.340 ден
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
- Сместување во Анкара во хотел BERA со 5* на база 1 ноќевање со појадок,
- Сместување во Кападокија во хотел 3/4* на база 2 ноќевања со појадок и вечера
- 1 Вечера во ресторан во Гореме/Чаушин,пред поаѓање за Анкара. (Пијалокот не е вклучен)
- Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување
- Разглед на Анкара со локален водич (10 €)
- Голема Тура Кападокија, совлезници и вклучен ручек (без пијалок)(45€)
- Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок- (35€)
- Танц на дервишите /церемонија - (25€)
- Срцето на Кападокија со влезници и ручек (без пијалок)(45€)
- Лет со балон - (160 €) – резервација при уплата. Цената може да претрпи измени.
- Црвена Долина – залез на сонцето (15€)
- АТВ-КВАД САФАРИ - (25€)
Доплата за еднокреветна соба 3.600 ден
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
* За ЛЕТ СО БАЛОН, задолжителна е предрезервација во агенција при пријавувањето.
* Цените на влезниците и летот со балон може да претрпат промени во зависност од цените на влезниците во моментот на посета.