копаоник
Aвтобус 3 дена/ 2 ноќевања
08. Март (Петок) СКОПЈЕ – КОПАОНИК
Состанок со групата на паркингот пред хотел „Вип“ во рани утрински часови заминување кон Копаоник. Патувањето продолжува со попатни паузи за одмор и други царински формалности. Пристигнување во Копаоник сместување во xотел. Слободно време за одмор и релаксација.Ноќевање.
09. Март (Сабота) КОПАОНИК
Појадок. По појадокот заминување кон скијачките центри на Копаоник и запознавање со нивните убавини, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Слободни активности. Гала вечера. Ноќевање.
10. Март (Недела) КОПАОНИК-НИШ-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот заминување за Македонија, попатна посета на шопинг центар “МЕРКАТОР-Ниш”. Во вечерните часови пристигнување во Македонија.
За уплата до 15.Јануари: 90€ (5.580 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 105€ (6.510 денари)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Сместување во хотел со 3* во населба БРЗАЧЕ) на база 2 полупансиони(појадок и вечера).
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.
Организација и водство на патувањето.
1 свечена вечера со музика во живо.
Пратител за време на целото патување
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Индивидуални екскурзии и дополнителни барања и трошоци.
Доплата за 1/1 соба
Патничко Осигурување
Туристичка такса 2€ по лице(еднократно)се наплаќа при резервација.
СПА Центарот се наплаќа според услуги по редовен ценовник.
Важни напомени:
-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-За факултативните излети најдобро е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот .
-За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ
Начини на плаќање:
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.
Општи напомени за патување:
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
*Откажување на аражманот од страна на организаторот на патување е 7 дена пред наведениот термин на патување.