• ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ

​Кралска Унгарија
Будимпешта - Вишеград - Естергом - Ст.Андреја

03/03/2022 - 07/03/2022

03.03.2022 1. Ден. Битола - БудимпештаСостанок на групата во договореното време и заминување за Будимпешта. Патот води преку Р.Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

04.03.2022 2. Ден. БудимпештаПристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Попладне организирана прошетка по улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта пропратено со прекрасните звуци на виенски валцер,чаша шампањ и објаснување на локален водич. Враќање во хотел. Ноќевање.

05.03.2022 3. Ден Естергом - Вишеград - Ст.АндрејаПојадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот со локален водич и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта.  Вечерта можност за факултативна посета на Чарда – национален ресторан со богата уметничка програма и мени од унгарската национална кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

06.03.2022 4. Ден. Будимпешта - МакедонијаПојадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за посета на Зоолошката градина во Будимпешта – една од најголемите и најубавите во Европа и посета на замокот Вајдахуњад во близина на градскиот парк и плоштадот на Хероите или посета на шопинг центарот ,, Arena Moll,,.Околу пладне заминување за Македонија. 
Цена на аранжманот: 8.620 денари

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
  • Превоз со модерен туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Expo Congress 4* (https://www.mellowmoodhotels.com/hotels/expo-congress-hotel/) во Будимпешта.
  • Разглед на Будимпешта со локален водич
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
  • Посета на национален ресторан Чарда
  • Крстарење по Дунав со шампањ и локален водич
  • Целодневен излет до Естергом и  Вишеград со  гратис посета на Ст.Андрија со локален водич
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ