• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ВЕЛИГДЕН
    • 1 MAJ
    • ЕГЗОТИКА
  • ЛЕТО 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Општи услови
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ВЕЛИГДЕН
    • 1 MAJ
    • ЕГЗОТИКА
  • ЛЕТО 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Општи услови

Крстарење по Егејското Море со тргнување од Атина

ПЛОВИДБА И ПОСЕТА низ Атина - Миконос – Кушадаси
Патмос - Родос – Крит – Санторини - Атина
Кратко крстарење по Егејот на кое нема да останете рамнодушни. Миконос со своите познати ветерници, Кушадаси со застанување за посета на Ефес – местото на едно од седумте чуда на античкиот свет и неверојатните грчки острови Патмос, Родос, Крит и Санторини. Ова патување околу преубавиот Егеј ќе го запамтите како патување од соништата.
13.03 | 20.03
27.03 | 03.04
1 ден
Атина | Миконос (испловување во 13:00 часот)
Ја напуштаме историската и класична Атина и испловуваме на нашата прва дестинација, прекрасниот остров Миконос (пристигнување во 18:00), познат како остров на Ветровите. Направете вечерна прошетка во преубавата атмосфера кој го нуди стариот град со своите беспрекорни варосани куќички, тесни улички и прекресани ресторани на самата обала. Препознајте ја позната разгледница на Миконос со ветерниците една до друга додека уживате во погледот на море. Вечера. Ноќевање и ноќно крстарење за Кушадаси (23:00).

2 ден
Кушадаси | Патмос (испловување во 21:30 часот)

Појадок.
Рано наутро во 07:00ч. разбудете се со поглед на преубавиот турски град – Кушадаси. Искористете ја можноста да го посетите едно од најголемите чуда за време на античкиот свет – Ефес (ручек). Испловување во 13:00 часот кон посета на еден од најмалите грчки острови - Патмос. Пристигнување во 16:30 на овој остров кој важи за најпознат и најшармантен и сигурно нема да Ве остави рамнодушни Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Враќање на бродот и вечера. Ноќевање и крстарење (21:30) во ноќните часови кон Родос.

3 ден
Родос | Крит (испловување во 21:30 часот)

Пристигнување во Родос во 07:00. Појадок.  Овој Остров на Сонцето крие секакви изненадувања за своите посетители. Од спектакуларни антички и средовековни градби кои наѕираат низ раскошното зеленило, па сѐ до фантастичните плажи и кристално чистата вода, Родос плени со своите пејзажи и богата историја. Колосот на Родос, едното од седумте светски чуда на античкиот свет, Долината на Пеперутките, и уште многу други скриени богатства Ве предизвикуваат да го истражете целиот остров. Ручек. Поаѓање од Родос во 18:00 часот. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Крит.


4 ден
Крит | Санторини (испловување во 21:30 часот)

Будење на нова дестинација – Крит - островот со богата историја и култура, поразличен од сите делови на Грција и нуди незаборавно медитеранско искуство. Појадок. Нашата одисеја продолжува за Санторини со испловување во 12:00 часот. Ручек. Во Санторини ќе имате можност да поминете една прекрасна вечер во прекрасните пејсажи, варосани куќи и се разбира да уживате во прекрасните ресторани кои ги нуди овој грчки остров. Вечера. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Атина.

5 ден
Атина (испловување во 00:30 часот)

По неколку дена од ова прекрасно патување и авантура се враќаме назад во главниот град со пристигнување во 06:00 часот наутро каде завршува ова кратко, но незаборавно искуство. Испланирајте си го денот за прошетка низ Атина и средување на впечатоците во некоја локална таверна.
Цена: 559 евра

Во цената е вклучено:


  • 4 ноќевања во кабина на крузер со услуга Полн Пансион
  • Анимација, караоке, влез во диско и разни активности во Крузерот
  • Пристанишни такси и бакшиш
  • Забава на брод

Во цената не е вклучено
  • Превоз до пристаништето во Атина
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување

Важна напомена:
  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=62 мкд)
  • Цените се изразени по лице
  • Часови за влез на бродот од 13:00 – 17:00 локално време
  • 13 и 20 Март поаѓање во 11:00 часот од Атина, а програмата не вклучува посета на Крит (се останува цел ден во Санторини – Поаѓање во 20:00ч).
  • Организиран превоз (не е вклучен во цената) доколку се формира група (минимум 20 патници)
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Пријавување на брод мин. 2 часа пред најавеното поаѓање на бродот.
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Kраен рок за откажување аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 250 евра депозит, а целосна доплата 30 дена пред патување
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ВЕЛИГДЕН
    • 1 MAJ
    • ЕГЗОТИКА
  • ЛЕТО 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Општи услови