• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
  • Зима 2022/2023
  • 8 МАРТ
  • Лето 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Крстарења
  • Општи услови
  • Егзотика
  • ВЕЛИГДЕН '23
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
  • Зима 2022/2023
  • 8 МАРТ
  • Лето 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Крстарења
  • Општи услови
  • Егзотика
  • ВЕЛИГДЕН '23

Крф

- 1  ден:  13.04.2023 (Четврток) Битола - Игуменица - КРФ
Поаѓање од Битола во 23 30 часот од Спортска Сала Битола. По граничните формалности, продолжување за Игуменица со попатни одмори. Ноќно патување.

2 ден: 14.04.2023 ( Петок)     КРФ - Ахилеон
Пристигнување во Игуменитца. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време до 16:00 часот. Посета на палатата на принцезата Сиси – АХИЛЕОН. После разгледот на палатата, се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата со изнесувањето на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе- симболот на островот. Сето тоа трае до 21.00 часот кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големит хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија- оплакувањето на Христос. Ноќевање

3 ден: 15.04.2023 (Сабота)     КРФ 
Појадок.Претпладнето започнува процесијата: големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажниот мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11:00 часот се случуваат два локални обичаи: Пилина и Мастело. Слободно време за индивидуален разглед. Во попладневните сати враќање во хотелот. Слободно време. Околу 21:00 часот се поаѓа према градот каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се ожекува величенствениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси инпонзантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање во хотелот. Ноќевање.

4 ден 16.04.2023 (НЕДЕЛА) КРФ - ПАЛЕОКАСТРИЦА
Појадок. ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН – ден на радоста. По улиците е живо и весело, се јаде и пие и она неизбежното традиционалното – се кршат јајца. Во пладневните часови се поаѓа Палеокастрица, живописно место на северниот дел од островот. Попатно се посетува фабриката за пијалоци и слатко од овошјето Кум-куат, кое расте единствено на островот. Слободно време во заливот Палеокастрица, за индивидуални активности. Во попладневните сати враќање во хотелот. Ноќевање.

5 ден 17.04.2023 (ПОНЕДЕЛНИК) КРФ – ЈАНИНА-БИТОЛА
Појадок. Во претпладневните часови поѓање со брод за Игуменитца,а потоа  продолжување со автобус за Битола, со попатни одмори и посета на градот Јанина. Враќање во Македонија во доцните вечерни часови.
                               
  ЦЕНА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА: 139 евра 
  РЕДОВНА ЦЕНА: 159 евра 

Цената вклучува: 

- Превоз со модерен туристички автобус по наведената програма                 
- Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица                        
- 3 ноќевања во хотел 3* со појадок (секоја соба АЦ,ТВЦ,ТВ) 
- лиценциран придружник 
- Организација и водство на аранжманот 

Цената не вклучува:
- 
Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис (15 евра од лице)
- Посета на Ахилеон палатата (15 евра од лице) Транспорт и влезница
- Велигденски ручек-
- Патничко и здравствено  осигурување ЗАДОЛЖИТЕЛНО! 
- Индивидуални трошошци
- туристичка такса 1.5 евро од лице на ден 
 

НАПОМЕНИ : 
 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
-          Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
- деца до 12 години со 2 возрасни имаат 30% попуст
- за еднокреветна соба се доплаќа 70 евра
-          Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
 -          Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
-          Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
За отказ на резервација важат опшите услови, односно :
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата

Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. 

Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
  • Зима 2022/2023
  • 8 МАРТ
  • Лето 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Крстарења
  • Општи услови
  • Егзотика
  • ВЕЛИГДЕН '23