• ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ

Лефкада Агиос Никитас - Вила Маргарита

​MARGARITI Rooms е еден од малкуте на број објекти, кои служат за сместување на туристи во живописното градче Агиос Никитас. Објектот Маргарити, располага со двокреветни соби за сместување, а некои од нив имаат и помошни легла. Сместувањето во собите, опремени со сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон, е одличен избор доколку ја искористите можноста за обезбедување и на поволната исхрана во блиската таверна-ресторан.
Picture
Цените во табелата се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
- Употребата на клима уред во MARGARITI е бесплатна (каде што е достапен), 

- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот) 
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата) 
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. 

​
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
 Цена на повратен автобуски превоз: 60 EUR (40 EUR за дете 2 до 12 год.) 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг спроти хотеl Holiday Inn")
- Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)
- Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)
- Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)
- Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор. 
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите. 
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ