МАРОКО
ИНДИВИДУАЛНИ АРАНЖМАНИ
Термините ги бирате Вие!!!
1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ЗЕМЈАТА
Мароко, или официјално Кралството Мароко, е северноафриканска земја со турбулентна историја и интензивен живот. На запад излегува на Атлантскиот Океан и на север на Средоземното Море. Се граничи со Алжир на исток и Мавританија на југ. Мароко ја ставила Западна Сахара под нејзина контрола, чиј најголем дел го превзема од нејзината територија од 1975 година. Живото крајбрежје со бујна вегетација, пустини и неколку планински масиви ги формираат географските карактеристики на оваа земја. Мароко е земја на убави градови, исламска архитектура, но и вкусна храна.
Површина на земјата: 446.550 km2, 57. по големина во светот;
Број на жители: 33, 28 милиони жители
Главен град: Рабат (1, 2 милиони жители)
Националност: муслимански сунити
Официјален јазик: арапски и француски
Вероисповед: претежно муслиманска
Независност: 1956 година (од Франција)
2. ВИЗА
За жителите на Македонија потребна е виза за престој во Кралството Мароко. Потребна документација за виза која треба да ја доставите:
1. валиден пасош (минимум 6 месеци траење и 2 празни страници)
2. Две фотографии направени во фотостудио во боја на бела позадина (4x3 cm).
3. Извод од банка (нема минимална сума која треба да ја поседувате)
4. Лична карта
3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Временската зона е UTC 0, значи 2 часа напред во однос на Р. С. Македонија.
4. КЛИМА
Во крајбрежниот дел на Мароко, климата е типично медитеранска, со бујна вегетација, додека на копно климата е многу поостра, со суви лета и остри зими. Во летните месеци температурите умеат да бидат високи како и влажноста на воздухот (до 45 степени). Исто така, повремено се забележува ненадејна промена на временските услови и краткотрајни врнежи од дожд.
5. ХРАНА И ПИЈАЛОК
Користете само флаширана вода во Мароко! Традиционалната исхрана опфаќа пилешко, јагнешко и говедско месо на повеќе начини, леб, салати и јадења кои се карактеристични за земјите од Блискиот исток и исламските земји од Северна Африка. Мароканците користат многу зеленчук во своите оброци, и така нивните традиционални јадења (Кускус и Тажин) се базираат на месо, но со голема количина зеленчук. Задолжително пробајте традиционален марокански чај од нане и кафе. Алкохолот е многу редок за јавна употреба во Мароко и навистина ретко каде може да се набави. Во маркетите се продава само безалкохолно пиво. Измијте го овошјето со флаширана вода или излупете го. Цените на храната и пијалоците се прифатливи.
6. ЗДРАВЈЕ
Законски не е потребно да примате вакцини за да влезете на територијата на Мароко, но секако консултирајте се со вашиот лекар. Се препорачува флаширана вода. Со вас понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотици за стомачни тегоби, лекови за снижување на телесна температура, лекови против болки или лекови кои обично ги носите со себе на патување. Исто така, со себе неопходно е да понесете крема за сончање.
7. ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурувањето не е задолжително , но е секако препорачано. Можете да го уплатите во која било осигурителна компанија или во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање.
8. СИГУРНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ
Градовите и местата кои се посетуваат се релативно безбедни, но ние Ве советуваме да бидете претпазливи и внимателни кога станува збор за вашите лични работи (како во кој било европски или друг град). Не е препорачливо жените да шетаат сами, а во вечерните часови и доцна навечер советуваме да не се одвојувате настрана од групата. Не одете во делови од градовите што вашиот водич ќе Ви ги напомене како несигурни. Избегнувајте пиење алкохол на јавни места, особено за време на верскиот празник Рамазан. Дрогата е нелегална, и како таква казнива со закон и затвор.
9. ОБЛЕКА
Здолништа над колената, кратките панталони, маици со длабоко деколте или слична гардероба се сметаат за непримерни и затоа може да бидат предмет на несоодветни коментари од локалното население, па затоа овој избор на гардероба треба да се избегнува. Затоа, изберете ја вашата гардероба според временските услови и периодот во годината во која патувате. Исто така, задолжително понесете и некоја облека со долги ракави која е отпорна на дожд, бидејќи во Мароко повремено се случуваат краткорочни врнежи. Понесете поудобни обувки за истражувањето на градовите. Исто така, препорачливо е да носите шешир или капа заради можите големи жештини. Се препорачува пристојно однесување и почитување на верските предмети.
10. ЛОКАЛНА ВАЛУТА
Марокански дирхам (MAD или DHS): 1EUR = 11MAD; 1USD = 9MAD
За трошење во Мароко, препорачливо е да имате локална валута, иако на многу места можете да плаќате и во долари.
11. ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ И БАНКОМАТИ:
Во Мароко постојат банкомати и систем со платежни картички, иако на многу места плаќањето со платежни картички не функционира, па затоа се препорачува со себе да носите готовина.
12. КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи имаат договор со локалните оператори, така да роамингот во Мароко функционира. Интернетот е широко распространет, но постојат и ресторани, кафулиња и други места каде што нема WiFi.
13. СТРУЈА
Што се однесува до електричната енергија, напонот е ист како и кај нас, и не Ви се потребни адаптери за струја.
14. ТОПЛА ПРЕПОРАКА
Од сувенири препорачуваме традиционални ракотворби направени од дрво, исламска керамика, минијатури, зачини, чаеви, кафе, фстаци, марами и пончо, како и фигури и магнети со разни марокански симболи. Цените на сувенирите се многу прифатливи, а бакшишот и ценкањето се дел од традицијата, особено на тезгите на медините и особено во медината Фес.