Малдиви
Ова е единствената држава која всушност претставува архипелаг од околу 1190 острови, групирани во 26 атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан на површина од речиси 90.000 км2. Островите се населени повеќе од 2500 години а моментално ги населуваат околу 390.000 жители, од кои повеќето живеат во главниот град Мале. Интересн податок е што на Малдивите највисоката надморска височина на копното е само 1.5м. Коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови прават своевидна природна бариера која го смирува океанот и ги чува островите и нивните жители безбедни и настрана од разорните океански бранови, со векови наназад. Синоними за овие острови се лагуните со неверојатно бел корален песок, кристално чистата тиркизна вода, тропската вегетација која изобилува со кокосови палми, како и прекрасниот и необичен подводен свет. Доколку рајот постои, тој би бил токму - Малдивите.
Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 24 до 33 степени, влажноста на воздухот е висока, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Со оглед на тропската природа и екваторијалната позиција, дождовите се честа појава на Малдивите, но сепак се претежно од краткотраен карактер и тешко можете да ги предвидите. Се појавуваат одеднаш без предупредување и за брзо време исчезнуваат. Иако нема изразена климатска сезоналност, се смета дека дождовите повеќе се присутни во периодот јуни – Октомври, а помалку во периодот Ноември - Април. Така, Малдивите претставуваат идеална дестинација за егзотичен тропски одмор во текот на целата година, со тоа што се смета дека највисоката сезона е периодот од Декември до Март, додека пониска и поевтина сезона е периодот Јуни - Август.
Туристичката понуда на Малдивите е во главно организирана на начин што обезбедува навистина уникатно и тропско искуство за туристите, но сепак со сите актуелни и модерни содржини и погодности. Повеќето хотели се сместени на свои острови (еден хотел е еден остров) а собите се распоредени во вили низ островот, на плажите непосредно до самиот океан. Актуелни и интересни секако се и вилите на вода кои се доста чести на Малдивите, но очекувајте цените за истите да бидат поскапи. Иако собите на вода се своевидна атракција, според многу сместувањето во поевтините соби на копно е поавтентично и порелаксирачко искуство - соба со тераса која излегува на песочна плажа под палми, со приватни лежалки… Сите опции се прекрасни на Малдивите.

Корисни информации
ВИЗА
Државјани на Република Македонија кои туристички патуваат на Малдиви, добиваат бесплатна туристичка виза за период до 30 дена на Аеродромот во Мале – Малдиви. Потребна е следнава документација: важечка патна исправа, поврaтна авио-карта и потврда за уплатен туристички аранжман (ваучер кој го добивате кај нас во агенција). Рок на важност на пасошот мора да биде најмалку 6 месеци од датумот на враќање во Македонија.
ТЕМПЕРАТУРА (КЛИМА), ОБЛЕКА И ПАКУВАЊЕ
Температурата преку ден се движи помеѓу 29-32 степени, а навечер паѓа на пријатни 26 степени. Температурата на морето на Малдиви е 28 степени за време на целата година. Времето на Малдиви знае да биде променливо со облаци, краток дожд и сончеви интервали, кои може да се менуваат во текот на денот. Од облека Ви е потребна летна и лесна гардероба, но сепак, задолжително со Вас понесете и долги ракави и ногавици, пред сé за во авион. Ве советуваме да бидете спремни за повисоки температури и да носите креми со заштитен фактор, шешири и марами кои ќе ја штитат Вашата кожа од сончевите зраци.
БЕЗБЕДНОСТ
Хотелот во кој сте сместени се наоѓа на локален остров каде живее локално население. Островот е безбеден, но секако препорачуваме да водите сметка за Вашите пари и лични работи како што би воделе на било која друга дестинација. Локалците се особено пријателски настроени кон туристите и сакаат да се дружат и да се запознаваат.
ХРАНА, ПИЈАЛОЦИ И ВОДА
Исклучително важно е да пиете само флаширана вода. Храната се базира на овошје, зеленчук, ориз, нудли, морски специјалитети, но во хотелите и рестораните на гостите им се нудат и меѓународни специјалитети. Цените на оброците на Малдиви варираат, но просечна цена на оброк во ресторан е 7-15$, пијалоци околу 5-10$.
Малдиви е исламска држава. Во државата е нелегално да се внесува свинско месо, продукти што содржат свинско месо и алкохол. Иако, на населените острови е забрането да се служи алкохол во ресторани и барови, може лесно да се најде алкохол на островите и често се наоѓаат укотвени „Party Boats“ на неколку стотини метри од пристаништето на кои се служи и продава алкохол.
Заклучокот на нашите патници (и наш лично) е дека на Малдиви има прекрасна храна, дали традиционална, морска или интернационална. На Малдиви можете да јадете превкусен и ефтин октопод, морски плодови, риба, но и бургери и пица.
ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Нашите мрежи функционираат на Малдиви. Што се однесува со цените за роаминг, потребно е да проверите на сајтовите на Вашите мобилни оператори. Што се однесува до интернет и Wi-Fi, конекцијата знае да биде бавна, но сосема доволна за основна комуникација. Некогаш сигналот знае да биде полош во собите, но на рецепција во главно, работи одлично. Доколку сакате картичка за интернет, која нуди пристап до брз интернет, известете го водичот. Цената на картичките се движат околу 30$-35$ - 17GB.
СТРУЈА
Потребно е со вас да понесете адаптер за струја – влез како што се користи во Велика Британија (штекери со три сплоснати влезови). Адаптерот не може да се купи на самата дестинација.
ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјалната и основна валута во Малдиви е Малдивска руфија. Односот на валутата е следен:
1 EUR = 18.18 MVR
1 USD = 15.46 MVR
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување.
Можете да носите евра или долари. Постои можност да користите и платежни картички, но не треба премногу да се потпирате на нив. Провизиите кои ги земаат не се големи, но секако би требало да проверите со матичната банка. Доколку носите долари, истите не смеат да се постари од 2000-та година. Валутата која се користи во хотелите е долар. Иако Малдивите имаат своја локална валута, доларот е општоприфатен за плаќања во кеш. На аеродромот во Мале се примаат само долари, па препорачуваме и Вие да ја носите оваа валута. Во хотелите примаат и евра, но по доста неповолен курс во однос со Банките во Европа.
На Малдиви планирајте да трошите околу 20-30$ на ден за комфорен престој по лице (во зависност дали од понудата имате избрано ноќевање со појадок или полупансион), за ситедополнителни оброци, сувенири, излегувања навечер итн. но тоа секако е индивидуална работа и зависи колку трошите.
ВРЕМЕНСКА ЗОНА
UTC+5, односно во текот на зимското сметање на времето разликата помеѓу С. Македонија и Малдиви е 4ч, а во текот на летното сметање на времето е 3ч, затоа што Малдиви не преминува на летно сметање на времето.