Неа Флогита - Вила Кики
Вила Кики е лоцирана на почетокот на Неа Флогита, прва линија на море, на сама плажа. Има слободно место за паркинг околу неа. Располагаме со 3 трикреветни, 2 четирикреветни и 1 петкреветен (дуплекс) апартман со директен, отворен поглед на море. Сите се со директен поглед на море, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.
Попуст од 7% на вонсезонски и 10% на сезонски цени за целосни уплати заклучно со петок 27 јануари!
Попуст од 7% на вонсезонски и 10% на сезонски цени за целосни уплати заклучно со петок 27 јануари!
Напомени и услови:
- Цените во табелите 1 и 3 или вонсезонски се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз. Доколку се патува со сопствен превоз се одбиваат по 10 евра од првите 2 лица или 20 евра од вкупната – финална цена на аранжманот
- Цените во табелата 2 или сезонски се објавени за наем на апартман за 2,3 или 4 лица, во истите може да престојуваат помалку лица но не повеќе од 2, 3 или 4 возрасни и 1 дете до 2,99 години, при тоа цената останува непроменета – иста
- Цената за автобуски превоз изнесува:
- (40 евра) за возрани
- (30 евра) за деца до 11,99 години
- Термините во табелата се денови на започнување и на завршување на аранжманот
- Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
- Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 15 дена пред терминот на тргнување
- Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/ апартман
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување