• ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ

Никити - Вила Стефанија

Куќа „Стефанија“ е лоцирана во исклучително мирен и спокоен дел на Никити, оддалечен од гужвата и метежот кои во текот на највисоката сезона се интензивни. Истата има соптвен паркинг, голем убаво уреден двор, а од плажата – море е оддалечена околу 50 метри. Четирикреветните студија се опремени со француски кревет и легло на пуштање за две лица, а апартманите со една одвоена спална соба и два кревета во другата соба а сите се со комплетно опремени кујни. Интернетот и климата се вклучени во цената.

Picture
Напомени и услови:
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело студио (1/2 двокреветно, 1/3 трикреветно, 1/4 четирикреветно) за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / во еден правец (35 евра)
    • За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) / во еден правец (30 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
    • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
    • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
    • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
    • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
    • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
    • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • ПОЧЕТНА
  • ЛЕТО 2022
  • СПА
  • JDM-РАБОТА ВО СТРАНСТВО
  • Општи услови
  • Контакт
  • БЛОГ - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Македонија
  • Travel2Macedonia
  • Анкона Лукс - Чањ