Ормос Панагијас - Вила Марија Карга
Куќа „Марија Карга“ е лоцирана на самиот влез во Ормос Панагијас. Оддалечена е од првата плажа околу 150 метри, и околу 500 метри од една од најубавите плажи на вториот крак, Трани Амуда. Студијата содржат: комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ЛЦД ТВ, тераса. Интернетот и климата се вклучени во цената. Истите се модерно, внимателно уредени и исклучително чисти. Во склоп на куќата има кафе бар, детски дел како и мала приватна градина (слична на таверна) каде гостите сами може да си подготвуваат јадење.
Напомени и услови:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд. Истите се дадени (објавени) за наем на цело студио (1/2 двокреветно, 1/3 трикреветно, 1/4 четирикреветно) за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.