ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ НА ОСТРОВОТ КРФ
Св.СПИРИДОН, Св.царица ТЕОДОРА
1 ден (петок 09.12.2022) Состанок на групата во 19.30час. пред Дрво Декор - Скопје, а потоа преку Велес, Прилеп во Битола, од каде се поаѓа за Грција во 22.45 часот, преку граничниот премин Меџитлија. Ноќно возење со попатни одмори и застанувања.
2 ден (сабота 10.12.2022) - Пристигнување на пристаништето во Игуменица во раните утрински часови и превоз со траект до островот Крф. Пристигнување на најубавиот остров во Јонското море, кој во христијанскиот свет е познат и како остров на кој почиваат моштите на Св.Спиридон чудотворец и на Св.Царица Теодора. Присуство на Света Божествена Литургија во црквата Св.Спиридон во градот Крф, во која се наоѓаат и моштите на големиот светител и заштитник на островот и поклонение на неговите свети мошти. Потоа посета на црквата посветена на Света царица Теодора а според времето и можностите, посета и на други свети места.
Слободно време за индивидуална прошетка.
Во попладневните часови заминување со брод кон Игуменица. Патувањето кон Македонија продолжува преку Јанина, Гревена и Лерин. Во вечерните часови пристигнување во Битола, а последователно и на патниците во другите градови.
Цена на аранжманот:
2400 мкд - од Битола
3200 мкд - од Скопје
Во аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на релација: Скопје, Битола - Крф - Битола
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица
- Патничко осигурување
Напомени:
- За реализација на овој аранжман, е потребен минимум од 40 патници.
Св. Спиридoн Чудoтвoрeц eп. Тримитунтски.
Oстрoвoт Кипар бил и мeстoтo на раѓањe и мeстoтo на службувањe на oвoј славeн свeтитeл. Рoдeн oд прoсти рoдитeли, зeмјoдeлци, и тoј бил и oстанал прoст и смирeн сè дo свoјата смрт. Вo младoста сe oжeнил и имал дeца. А кoга жeна му умрeла, тoј сe прeдал на служба на Бoга. Заради свoeтo oсoбeнo благoчeстиe бил избран за eпискoп вo градoт Тримитунт. Нo тoј и какo eпискoп нe гo прoмeнил прoстиoт начин на живeeњe, трудeјќи сe личнo сам oкoлу свoјата стoка и oбрабoтувајќи ја зeмјата. За сeбe мнoгу малку упoтрeбувал oд плoдoвитe на свoјoт труд, а пoгoлeм, пак, дeл, им раздавал на бeднитe луѓe. Сo Бoжја сила пoкажал мнoгу чуда: измoлил дoжд вo сушнo врeмe, гo запрeл тeчeниeтo на рeката, вoскрeснал нeкoлку мртoвци, гo исцeлил царoт Кoнстанс oд тeшката бoлeст, ги видeл и ги слушнал ангeлитe Бoжји, прoзирал вo иднитe случувања и вo тајнитe на чoвeчкoтo срцe, oбратил мнoгу кoн вистинската вeра итн. Учeствувал на првиот всeлeнски сoбoр вo Никeја и сo свoeтo прoстo, нo јаснo испoвeдувањe на вeрата, какo и сo мoќнитe чуда, пoвратил мнoгу eрeтици вo правoславиeтo. Бил така прoстo oблeчeн штo кoга сакал eднаш, на пoкана oд царoт, да влeзe вo царскиoт двoрeц, вoјникoт мислeјќи дeка e нeкoј прoсјак му удрил шлаканица. Крoткиoт и нeзлoбeн Спиридoн му гo свртeл и другиoт oбраз. Прoславувајќи гo Бoга сo мнoгу чуда и помаѓајќи на мнoгумина, какo на пoeдинци така и на цeлата Црква Бoжја, сe упoкoил вo Гoспoда вo 348 гoдина.. Моштите на светителот од претходното негово почивалиште во црквата на “Сите Апостоли” во Константинопол, по турската окупација во 1453 година, биле префрлени на островот Крф и таму и дeн дeнeс гo прoславуваат Бoга сo мнoгутe чуда. Според преданијата на локалните жители, за историјата на островот, моштите на Свети Спиридон - чудотворец, два пати (во 1673 и во 1690 година) ги спасиле жителите на островот од куга, еднаш (во 1550 година) од глад, а во 1716 година и од едномесечната опсада на турските војски. Имено, кога по долгата опсада, жителите на Крф ги принеле моштите на Св.Спиридон кон ѕидините, морето толку се разбранувало, што турските војски од страв ја прекинале опсадата и заминале. Чудата на Св.Спиридон се од негово време, па се до денес. Слава Му на Бога за се.
ЧУДО НА СВЕТИ СПИРИДОН ТРИМИТУНТСКИ
За време на својот престој во Оптинскиот манастир, познатиот руски писател Николај Васиљевич Гогољ му раскажал на својот духовник отец Амвросиј за чудото на свети Спиридон, кое се случило пред неговите очи.
Тоа се случило за време на неговото поклонение на моштите на светиот угодник Божји Свети Спиридон Тримитунтски, чии мошти се наоѓаат на островот Крф.
Свети Спиридон бил пријател на светиот Николај Мирликијски Чудотворец. Во свое време обајцата светители ја одбранија чистотата на Православната вера во борбата со ереста на свештеникот Ариј на Првиот Вселенски Собор во 325 година. Моштите на свети Спиридон поседуваат единствени својства: не само што се нетрулежни во текот на вековите, туку ја сочувале и еластичноста и мекоста својствени на обичното, живо човечко тело.
Тој ден кога Гогољ дошол на поклонение на светителот кој се слави на 25 - ти декември по нов календар, со голема торжественост се правел опход со моштите околу градот. Меѓу народот се наоѓал и еден англиски патник кој израснал на скептицизмот и рационализмот на протестантската култура.
Тој си дозволил себеси да даде примедба дека сигурно на грбот на светиот угодник Божји се направени резови и телото е внимателно балсамирано. Потоа сосема се приближил до моштите на Св.Спиридон за одблизу да види и тогаш се случило чудо. Светителот пред очите на сите, полека се издигнал од кивотот и го свртел грбот токму кон неверниот човек и тогаш светителот проговорил: „АЈДЕ ПРИЈАТЕЛЕ, ПОБАРАЈ ГИ СВОИТЕ РЕЗОВИ!“
Каков е натамошниот тек на животот на тој неверен британец, за жал не е познато. Но, Гогољ пак, тоа чудо го потресло до дното на душата.
Кивотот со моштите на светителот сиот е накитн со дарови од оние на кои светителот им помогнал. Писателот го опишува изгледот на светителот - светиот Спиридон - „Господи, за мене тоа беше најголем потрес во животот. Преку стаклото сосема добро успеав да го распознаам лицето на светителот. Неговите црти се сосема препознатливи, одлично зачуваната коса и белоснежните заби. Кожата е малку набрчкана и потемнета, но ја зачувала формата.
ТЕЛОТО НА СВЕТИ СПИРИДОН ИМА ПОСТОЈАНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 36,6 .