МАНАСТИР ОСТРОГ, МАНАСТИР ПОДМАИНЕ, ЦЕТИНСКИ МАНАСТИР
Во чест на СВЕТИ ВАСИЛИЕ ОСТРОШКИ , СВЕТИ ПЕТАР ЦЕТИЊСКИ И СВЕТИ СИМЕОН ДАЈБАБСКИ - ЦРНА ГОРА се организира поклоничко патување:
1 ДЕН (27.06. 2023г. вторник): Состанок со групата во 22.00 часот пред Спортската сала во Битола, па заминување кон Албанија и Црна Гора. (ноќно возење).
2 ДЕН (28.06.2023г. среда): Пристигнувањето во Будва во утринските часови. Посета на манастирот Подмаине, посветен на Успение на Пресвета Богородица и присуство на Света Божествена Литургија. Слободно време за прошетка низ стариот дел на градот. Потоа во посета на Цетиње, каде што ќе биде посетен манастирот посветен на свети Петар Цетињски и поклонение на неговите свети мошти,, на дел од чесниот Христов Крст, на десната рака од свети Јован Крстител, како и на иконата на Пресвета Богородица нацртана од Св.ап.Лука.

Следи продолжување на патот кон манастирот Свети Василие Острошки, и пристигнување во попладневните часови, по што следи сместување и поклонение на моштите на светителот.
3 ДЕН (29.06.2023г. четврток): Утрото присуство на Света Божествена Литургија, а потоа се поаѓа кон Подгорица, во посета на храмот Воскресение Христово. Според времето, можно е и посета на манастирот на свети Симеон од Дајбаба. Манастирската црква посветена на Успение на Пресвета Богородица е со необична положба и внатрешен распоред (вкопан под земја).Подигнат е во 1897 г. Враќање за Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 2000 ден.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Патничко осигурување и автобуски превоз .
Во цената не е влезено ноќевање, кое во во манастирските конаци на долниот манастир изнесува 5 евра. Ноќевањето во горниот манастир е бесплатно. Туристичка такса во Цетиње и Острог 1 евро.
„Химна на љубовта“од Св. Павле
Да зборувам на сите човечки јазици,
па дури и на ангелски
-штом љубов немам,
ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимбал што ѕвечи.
Да имам пророчки дар
и да ги знам сите тајни,
да ги имам сите знаења за сите работи,
а и така силна вера, што и планини да поместувам
-ако љубов немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот,
да дозволам телото да ми изгори,
-штом љубов немам, ништо не ми користи.
Љубовта е долготрпелива,
полна со добрина.
Љубовта не завидува,
Љубовта не се превознесува,
не се гордее,
не прави што е непристојно,
не бара свое,
не се срди,
не мисли зло,
на неправда не се радува,
а на вистината се радува,
се` извинува,
во се` верува,
на се` се радува,
се` претрпува
Љубовта никогаш не престанува.