Пела - Уранополи ( Крстарење околу Света Гора ) - Суроти - Солун
29.04.2023 1 Ден Состанок на групата во 05.00 часот и заминување за Пела, преку г.п. Меџитлија. Попатни паузи и церински формалности. Пристигнување во Пела во утринските часови. Градот Пела е познат како македонска престолнина и родно место на Александар Велики. Пела бил најголем град во Македонија и резиденција на кралевите сè до 168 п.н.е. Во римскиот период, како Kolonija Iulia Augusta, Пела бил значаен пункт на Игнацискиот пат и центар на Третата македонска област, како и најугледен град, со Бероја, во внатрешноста на Македонија. Како колонија Пела уживала италско право. Ја освоиле Готите во 478 година н.е.Посета на локалитетот. Потоа заминување за Уранополис. Уранополис е гратче на северот на полуостровот Атос, во подножјето на истоимената планина, и е последно туристичко место на границата кон Светата Гора. Воедно, неговото пристаниште е и појдовна точка за сите оние кои одлучиле да ги посетат манастирите. Со местото доминира стара византиска кула која датира од ХIV век - денес музеј во кој се наоѓаат христијански антиквитети од Халкидики. Во самиот град има многу продавници со разни верски мотиви и рачни изработки од монасите од Света Гора. Исто така, постојат и многубројни ресторани, традиционални таверни, барови, кафетерии, слаткарници...од кои се ужива во прекрасниот залез на сонцето. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
30.04.2023 2 Ден Доручек. По доручeкот ФАКУЛТАТИВНО КРСТАРЕЊЕ ОКОЛУ СВЕТА ГОРА . Крстарењето започнува околу 10.00 часот од Уранополис - При крастарењето бродот се упатува кон најјужниот дел на Света Гора, за време на турата патниците имаат можност од далечина да видат 8 манастири кои се наоѓаат на западниот брег на Света Гора. Во текот на пловидбата бродот се приближува на 500 метри од брегот, согласно дозволените услови. За време на крстарењето патниците добиваат информации за манастирите, селцата и малите пристаништа од страна на туристички водич. Враќање во Уранополис во попладневните часови. Слободно време . Ноќевање .
01.05.2023 3 Ден Доручек. По доручекот заминување за СОЛУН со попатна посета на Манастирот во местото Суроти -Манастирот Св.Јован Блогослов – каде се моштите на старецот Паисиј. Свети Пајсиј Светогорец е еден од најважните и најпочитуваните светогорски старци на 20 век. Потоа заминуање за Солун. Слободно време во центарорт на Солун - овој град претставува еден од најголемото седиште на индустријата, трговијата, културата и туризмот. Населението во градското подрачје изнесува 1.030.338 жители (попис 2001), а со околината 1,285.61, и се наоѓа на 200 километри јужно од главниот град на Македонија, Скопје. Градот Солун е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО.. Враќање во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 6200 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- 2 ноќевања со доручек во хотел во Уранополис
- Превоз на дадената релација
- Орагнизација и водство на групата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Туристичка такса 1.5 по патник на ден
- Влезници за туристичките локалитети
- Крстарење околу Света Гора 20 евра
ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ:
047 236 628 075 342 757