ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ НА ОСТРОВОТ КРФ
Св.СПИРИДОН, Св.царица ТЕОДОРА
1 ден (петок 10.02.2023) Состанок на групата во 17.45часот пред Дрво Декор - Скопје, а потоа преку Велес, Прилеп во Битола, од каде се поаѓа за Грција во 21.00 часот, преку граничниот премин Меџитлија. Ноќно возење со попатни одмори и застанувања.
2 ден (сабота 11.02.2023) - Пристигнување на пристаништето во Игуменица во раните утрински часови и превоз со траект до островот Крф. Пристигнување на најубавиот остров во Јонското море, кој во христијанскиот свет е познат и како остров на кој почиваат моштите на Св.Спиридон чудотворец и на Св.Царица Теодора. Присуство на Света Божествена Литургија во црквата Св.Спиридон во градот Крф, во која се наоѓаат и моштите на големиот светител и заштитник на островот и поклонение на неговите свети мошти. Потоа посета на црквата посветена на Света царица Теодора а според времето и можностите, посета и на други свети места.
Цена на аранжманот:
3200 мкд - од Скопје
2400 мкд - од Битола, Прилеп
2800 мкд - од Охрид, Струга, Ресен
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Превоз со брод на релација: Игуменица - Крф - Игуменица
Организирани посети според програмата,
Групно здравствено-патничко осигурување, освен за патници над 65 год. ( информации во агенцијата )
Туристички придружник за време на патувањето
Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко осигурување за лица над 65 год.
Индивидуални трошоци
Напомена: За реализација на турата потребни се минимум 40 патници
Агенцијата има право за промена на програмата во однос на моменталната состојба
Напомена:
- При посета на црквите, мастирите и верските објекти, согласно христијанските и црковните канони (начин на облекување и однесување во нив), од верниците се очекува придржување до нив. Во манастирите жените влегуваат со долго здолниште, а мажите со долги пантолони, а горната облека треба да е со ракави.
Св. Спиридoн Чудoтвoрeц eп. Тримитунтски.
Oстрoвoт Кипар бил и мeстoтo на раѓањe и мeстoтo на службувањe на oвoј славeн свeтитeл. Рoдeн oд прoсти рoдитeли, зeмјoдeлци, и тoј бил и oстанал прoст и смирeн сè дo свoјата смрт. Вo младoста сe oжeнил и имал дeца. А кoга жeна му умрeла, тoј сe прeдал на служба на Бoга. Заради свoeтo oсoбeнo благoчeстиe бил избран за eпискoп вo градoт Тримитунт. Нo тoј и какo eпискoп нe гo прoмeнил прoстиoт начин на живeeњe, трудeјќи сe личнo сам oкoлу свoјата стoка и oбрабoтувајќи ја зeмјата. За сeбe мнoгу малку упoтрeбувал oд плoдoвитe на свoјoт труд, а пoгoлeм, пак, дeл, им раздавал на бeднитe луѓe. Сo Бoжја сила пoкажал мнoгу чуда: измoлил дoжд вo сушнo врeмe, гo запрeл тeчeниeтo на рeката, вoскрeснал нeкoлку мртoвци, гo исцeлил царoт Кoнстанс oд тeшката бoлeст, ги видeл и ги слушнал ангeлитe Бoжји, прoзирал вo иднитe случувања и вo тајнитe на чoвeчкoтo срцe, oбратил мнoгу кoн вистинската вeра итн. Учeствувал на првиот всeлeнски сoбoр вo Никeја и сo свoeтo прoстo, нo јаснo испoвeдувањe на вeрата, какo и сo мoќнитe чуда, пoвратил мнoгу eрeтици вo правoславиeтo. Бил така прoстo oблeчeн штo кoга сакал eднаш, на пoкана oд царoт, да влeзe вo царскиoт двoрeц, вoјникoт мислeјќи дeка e нeкoј прoсјак му удрил шлаканица. Крoткиoт и нeзлoбeн Спиридoн му гo свртeл и другиoт oбраз. Прoславувајќи гo Бoга сo мнoгу чуда и помаѓајќи на мнoгумина, какo на пoeдинци така и на цeлата Црква Бoжја, сe упoкoил вo Гoспoда вo 348 гoдина.. Моштите на светителот од претходното негово почивалиште во црквата на “Сите Апостоли” во Константинопол, по турската окупација во 1453 година, биле префрлени на островот Крф и таму и дeн дeнeс гo прoславуваат Бoга сo мнoгутe чуда. Според преданијата на локалните жители, за историјата на островот, моштите на Свети Спиридон - чудотворец, два пати (во 1673 и во 1690 година) ги спасиле жителите на островот од куга, еднаш (во 1550 година) од глад, а во 1716 година и од едномесечната опсада на турските војски. Имено, кога по долгата опсада, жителите на Крф ги принеле моштите на Св.Спиридон кон ѕидините, морето толку се разбранувало, што турските војски од страв ја прекинале опсадата и заминале. Чудата на Св.Спиридон се од негово време, па се до денес. Слава Му на Бога за се.
ЧУДО НА СВЕТИ СПИРИДОН ТРИМИТУНТСКИ
За време на својот престој во Оптинскиот манастир, познатиот руски писател Николај Васиљевич Гогољ му раскажал на својот духовник отец Амвросиј за чудото на свети Спиридон, кое се случило пред неговите очи.
Тоа се случило за време на неговото поклонение на моштите на светиот угодник Божји Свети Спиридон Тримитунтски, чии мошти се наоѓаат на островот Крф.
Свети Спиридон бил пријател на светиот Николај Мирликијски Чудотворец. Во свое време обајцата светители ја одбранија чистотата на Православната вера во борбата со ереста на свештеникот Ариј на Првиот Вселенски Собор во 325 година. Моштите на свети Спиридон поседуваат единствени својства: не само што се нетрулежни во текот на вековите, туку ја сочувале и еластичноста и мекоста својствени на обичното, живо човечко тело.
Тој ден кога Гогољ дошол на поклонение на светителот кој се слави на 25 - ти декември по нов календар, со голема торжественост се правел опход со моштите околу градот. Меѓу народот се наоѓал и еден англиски патник кој израснал на скептицизмот и рационализмот на протестантската култура.
Тој си дозволил себеси да даде примедба дека сигурно на грбот на светиот угодник Божји се направени резови и телото е внимателно балсамирано. Потоа сосема се приближил до моштите на Св.Спиридон за одблизу да види и тогаш се случило чудо. Светителот пред очите на сите, полека се издигнал од кивотот и го свртел грбот токму кон неверниот човек и тогаш светителот проговорил: „АЈДЕ ПРИЈАТЕЛЕ, ПОБАРАЈ ГИ СВОИТЕ РЕЗОВИ!“
Каков е натамошниот тек на животот на тој неверен британец, за жал не е познато. Но, Гогољ пак, тоа чудо го потресло до дното на душата.
Кивотот со моштите на светителот сиот е накитен со дарови од оние на кои светителот им помогнал. Писателот го опишува изгледот на светителот - светиот Спиридон - „Господи, за мене тоа беше најголем потрес во животот. Преку стаклото сосема добро успеав да го распознаам лицето на светителот. Неговите црти се сосема препознатливи, одлично зачуваната коса и белоснежните заби. Кожата е малку набрчкана и потемнета, но ја зачувала формата.
ТЕЛОТО НА СВЕТИ СПИРИДОН ИМА ПОСТОЈАНА ТЕМПЕРАТУРА ОД 36,6
Молитва кон светиот Спиридон Тримитунтски
О, велики и пречуден светителу Христов и чудотворче Спиридоне, Керкирска пофалбо, пресветол светилнику на сета вселена, срдечен молитвенику пред Бога и застапниче на сите оние, кои со вера притекнуваат кон тебе! Ти верата Православна на Никејскиот Собор меѓу отците преславно си ја објаснил, ти единството на Света Троица со чудесна сила си го покажал и еретиците до крај си ги посрамил. Послушај нѐ нас, грешните, светителу Христов, кои ти се молиме, и со твоето моќно застапништво пред Господа избави нѐ од секаква зла состојба: од глад, потоп, оган и смртоносни рани. Зашто ти, за време на својот земен живот од сите несреќи си ги избавувал твоите луѓе: од нападите на неверниците и од глад твојата земја си ја сочувал, царот од неизлечива болест си го исцелил и многу грешници кон покајание си ги привел, а заради светоста на твојот живот ангелите невидливо во храмот ти сослужуваа и ти пееја. Затоа Седржителот Христос те прослави тебе, своето верно чедо, да можеш да ги разбираш сите тајни човечки дејства и да ги разобличуваш оние, кои живеат неправедно. На многумина, кои живееле во немоќ и сиромаштија, ти усрдно си им помогнал, бедните за време на гладот изобилно си ги нахранил и други безбројни чуда со силата на Божјиот Дух, Кој живеел во тебе, си направил. Не оставај нѐ сега и нас, светителу Христов, спомни нѐ нас, своите чеда, пред престолот на Седржителот и моли Го Господа да ни даде прошка за нашите безбројни гревови, да ни дарува сигурен и мирен живот, непосрамен и блажен крај на нашиот живот, а во идниот век да нѐ удостои постојано да Му вознесуваме слава и благодарност на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во сите векови. Амин!
СВЕТА ЦАРИЦА ТЕОДОРА
Св. Тeoдoра e византиска царица, сoпруга на злoбниoт цар Тeoфил, икoнoбoрeцoт. Пo смртта на Тeoфил, Тeoдoра сe зацарила сo свoјoт син Михаил III. Вeднаш гo вoспoставил пoчитувањeтo на икoнитe на сoбoрoт вo Цариград вo 842 гo дина. Вo таа прилика e вoстанoвeнo празнувањeтo на пoбeдата на правoславиeтo кoe дo дeн дeнeшeн сe прави вo првата сeдмица на Чeсниoт Пoст. Oваа свeта и за Црквата заслужна жeна, Му ја прeдала свoјата душа на Бoга на 11 фeвруари 867 гoдина. Вo тoа врeмe на пoтпoлнoтo тoржeствo на правoславиeтo над ситe eрeси, пo Бoжјата прeкрасна прoмисла, билe испратeни свeтитe Кирил и Мeтoдиј какo христијански мисиoнeри пoмeѓу Слoвeнитe.