ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ
СВ. НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ – СВ.ЈОВАН РУСКИ
ЕВИА – АТИНА – ЕГИНА
Ден 1 (19.11. 2021 год.) Состанок на групата во 16.30час пред хотел “Holiday inn”, а потоа преку Велес, во Битола, од каде се поаѓа за Грција во 20:00 часот, преку граничниот премин Меџитлија – Ники.
Ден 2 (20.11. 2021 год.) Ноќно патување. Утрото се пристигнува на полуостровот Евиа, во с.Прокопи, каде се наоѓа манастирот на Свети Јован Руски. Присуство на Светата Божествена Литургија. Поклонение на моштите на Свети Јован Руски, кои поради неговиот свет живот во Христа се зачувани цели, миомирисни, чудотворни и исцелителни. Потоа се поаѓа за Атина, во Пиреа, од каде со траект се патува за островот Егина. Посета на манастирот посветен на свети Нектарие Егински. Сместување. Ноќевање.
Ден 3 (21.11 2021. год.) Присуство на Света Божествена Литургија, поклонение на моштите на Свети Нектарие Егински, како и посета на целиот манастирски комплекс (гробот, неговиот дневен престој, негови ракотворби, иконата на Пресвета Богородица пред која ја испеал најубавата химна на Пресветата: “Света Дево владичице, нескверна Богородице, - Радујсја невесто неневесна....’'). Попладне, со траект до Пиреа - Атина и патувањето продолжува за Битола – Скопје, со попатни паузи. Пристигнување во Скопје после полноќ.
Цена на аранжманот : 6200 ден.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Патување на наведената релација со високотуристички автобус;
- Едно ноќевање во хотел;
- Патување со траект.
- Водич и пратител на групата.
- здравствено-патничко осигурување