ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ПО ГОЛЕМИ СВЕТИЊИ ВО СРБИJА
“Потрудете се да имате добри мисли и добри желби и за пријателите, ама и за непријателите и ќе видите како тоа ќе донеси добар плод и на вас и на сите кои ве опкружуваат. Малобројни се на земјената топка смирените и кротките, но заради тие смирени и кротки души, Господ Бог ни дава благослов да имаме изобилие на земјата. Ете, така се блажени во овој живот, смирените и кротките души.
Кога ќе помислиме нешто добро за своите ближни, за роднините, за нашата земја и за целиот свет, ние навистина многу им помагаме, бидејќи мислата е сила и моќ.”
Отец Тадеј

1 ДЕН (03.06.2022 - петок) Поаѓање во 20.30 часот од Битола и се патува преку Прилеп, Велес до Скопје каде во 23.30 часот се земаат патници од пред Окта Континентал – Скопје, па преку Куманово, Ниш до манастирот Лешје, посветен на Покров на Пресвета Богородица. Ноќно возење.
2 ДЕН (4.06.2022- сабота) Пристигнување во манастирот Лешје во утринските часови. Присуство на Богослужбениот утрински типик на манастирот, поклонение и разглед на манастирот. Потоа се поаѓа кон манастирот Манасија, посветен на Пресвета Троица и изграден од деспот Стефан Лазаревич, син на Св.кнез Лазар. На крај се посетува манастирот Витовница, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица и каде се наоѓа гробот на познатиот блажен старец Тадеј.
Поклонение на светињите и разглед на манастирот. Касно попладне се патува кон манастирот Тумане, сместување. Ноќевање.
3 ДЕН (05.06.2022-недела) Присуство на Светата Божествена Литургија и поклонение на светиињите. Потоа следи пресвлекување на моштите на Св.Зосим Тумански чудотворец, и учество на Литијата од манастирот до неговата испосница. Потоа се чита акатист во испосницата и молебен за здравје. Попладне се поаѓа за Македонија. Ако има можност посета уште на некој манастир.
Пристигнување во Македонија во ноќните часови.

ЦЕНА на аранжмано: 3650 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Патување на наведената релација со високотуристички автобус;
- Едно ноќевање во хотел;
- Патничко осигурување – освен за патници над 65 год. ( информации во агенцијата )
- Водич и пратител на групата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување за лица над 65 год.
- Индивидуални трошоци
- Напомена: За реализација на турата потребни се минимум 40 патници