• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ВЕЛИГДЕН
    • 1 MAJ
    • ЕГЗОТИКА
  • ЛЕТО 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Општи услови
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ВЕЛИГДЕН
    • 1 MAJ
    • ЕГЗОТИКА
  • ЛЕТО 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Општи услови

РИЈЕКА – ПОСТOЈНСКА ЈАМА – ОПАТИЈА – ЗАГРЕБ
                          13-17.04.2023
 

​1 ден 13.04.2023 (Четврток) Битола-Скопје- Ријека
Поаѓање од Битола пред спортска сала Боро Чурлевски во 17;00 часот, Прилеп 17;45, Кавадарци/Неготино 18;15, Велес 18;45 и Скопје 19;30 пред бензиска Окта ( до хотел Континентал) - Охрид и Струга трансфсер 10 евра по лице поаѓање од Битола.
Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.
 
2 ден 14.04.2023 (Петок) Ријека
Пристигнување во Ријека, разглед на градот со локакален водич и посета на најважните културно историски знаменитости на градот: старата градска кула, палатата на гувернерот и поморски и историски музеј, стариот град и прекрасното шеталиште каде ќе се забележат градби кои датираат од 16-18 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или релаксирана прошетка на познатото шеталиште во Ријека, вечера во хотелот, ноќевање.

3 ден 15.04.2023 (Сабота) Ријека-Постојнска Јама- Опатија
Појадок, по појадокот факултативна посета на Постојнска Јама (Словенија) и Опатија.
/Ријека-Постојнска јама 68 км/Постојнска јама-Опатија 61 км/Опатија-Ријека 14 км)
Поаѓање од хотелот во 07;30 часот.
Постојнска јама, откриена е во 13 век, а за туристички посети е отворена 1818 година. Од 1967 г. во пештерата има инсталирано кружна железница. Денес во пештерата за туристички посети отворени и уредени се 5250 метри., од кои 3750 метри се поминуваат со воз, а 1500 метри пеш. Посетата на пештерата започнува со пештерскиот воз, а по возбудливото возење, разгледувањето на пештерата продолжува пеш кон “Велика Гора” или Големата Планина, кое е највисоко ниво во пештерата. Од таму се продолжува преку “Рускиот Мост” па се до каналот на “Лепа Јама”. Овај канал е долг околу 500 метри. Турата се движи кон Белата Сала, па потоа кон Црвената, Зимската и Шпагети Салата (сала со безброј мали пештерски украси во форма на цевчиња или шпагети, инаку овие цевчиња се почетна фаза на формирање на сталактити). Симбол на пештерата е сталагмитот “Брилијант” или “Дијамант”. Маркантен сталагмит кој со својата белина и сјајност доминира во просторот. Исто така, значајна одлика на пештерата се Концертната и Конгресната Сала. Концертната Сала е долга 47 метри, а широка 28 метри. Импозантно изгледа и Конгресната Сала која е долга 43 метри, широка 70 метри и висока 30 метри. Оваа сала може да прими и до 10 000 посетители. Посетата на Постојнска Јама завршува со Концертната Сала, од каде со вовчето се враќаме назад кон отворот на пештерата.
По посетата на Постојнска јама заминување за Опатија.
Сместена во заливот Кварнер во подножјето на планината Учка, се смета за едно од најдобрите одморалишта во Хрватска. Опатија својата слава ја должи на големиот трговец  Игнасио Скарпа, кој во 1844 година купил неколку хектари земја и ја изградил својата летна резиденција - Вила Ангиолина, именувана по неговата сопруга Анџелина. Игнасио Скарпа околу својата резиденција формираше прекрасна градина со растенија од целиот свет - Азија, Јужна Америка, Австралија и Нов Зеланд. Меѓу стотиците егзотични растенија е и јапонската Камелија (Camellia Japonica), која со текот на времето стана симбол на Опатија, посета и прошетка низ прекрасната градина. Слободно време. Заминување за Ријека ( во договор со пратителот на групата ) По пристигнувањето во Ријека, смободно време за одмор.
Вечера во хотелот, ноќевање.

4 ден 16.04.2023 (Недела) Ријека – Загреб - Македонија
Појадок, одјавуање од хотелот во 08;00 заминување за Загреб. По пристигнување,
разглед на Загреб со професионален туристички водич:
Плоштадот Бан Јелачич, Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотрсчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала ( 100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути).... Слободно време за кафе/ручек. Во договорено време поаѓање кон Македонија.

5 ден 17.04.2023 (Понеделник) Македонија
Пристигнување во Македонија во утринските часови.


Цена по лице: 199 € (12 340 денари)
( за сместување во двокреветна соба )
Цена за рана уплата до 01.03.2023 189 € ( 11720 ден)
 

Во цената Е вклучено:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 3* во Ријека
Разглед на Ријека со професионален водич (пешачка тура)
Разглед на Загреб со професионален водич (пешачка тура)
Туристичка такса во хотелот
Придружник од агенцијата
Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено: 
Факултативна посета: Постојнска Јама и Опатија 45€ (превоз+придружник+влезница+водич) 
Влезници за музеи и културно - историски споменици
Патничко осигурување
Личен трошок на патниците
Доплата за еднокреветна соба 50 € по лице
 
 
 
 
 
Важни забелешки и напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимален број 40 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 25 патници.
Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи агенцијата не сноси одговорност
Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата ( местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Пасошот треба да важи минимум 180 дена од завршувањето на патувањето.
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • ВЕЛИГДЕН
    • 1 MAJ
    • ЕГЗОТИКА
  • ЛЕТО 2023
  • Travel2Macedonia
  • Поклонички
  • СПА
  • Авионски аранжмани
  • Контакт
  • Блог - ДА ПАТУВАМЕ!
  • Општи услови