Сараево и Мостар 3 ноќевања (27.04-01.05.2023)
ПРВ ДЕН (27.04.2023) ЧЕТВРТОК
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Битола е околу 18 00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
ВТОР ДЕН (28.04.2023) ПЕТОК
Пристигнување во Сараево во раните утрински часови. Разгледот започнува од “Vijecnica”па се продолжува до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт. По разгледот групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Сместување. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (29.04.2023) САБОТА
Денот започнува со појадок и во 09:00ч и се упатуваме кон Тунел Спаса. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. По посетата, се упатуваме кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османaгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Се верува дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. Враќање во Сараево. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (30.04.2023) НЕДЕЛА
Четвртиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е “Бункерот на Тито„ во местото Коњиц. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. По посетата на бункерот се посетува Јабланица. место каде што била четврата непријателска офанзива на НОВЈ во период од 20 јануари до 1 април 1943 за време на втората светска војна. Групата ќе има можност да го посети местото каде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Екскурзијата продолжува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности.
Последното место за овој ден е преубавиот МОСТАР. Групата се упатува кон стариот мост. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Овде групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање кон Сараево.
ПОСЛЕДЕН ДЕН (01.05.2023) ПОНЕДЕЛНИК
Доручек во хотел.Поаѓање кон Вишеград и Андриќград oколу 10:00ч. Во Вишеград ве очекува локално крстарење по Дрина каде ќе ја видите куќата што живеел Иво Андриќ, да ја слушнете легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат како и камен град кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка и ручек. Заминување кон Македонија.
Цена: 125 евра
Што е вклучено во цената
-Автобуски превоз
-3 ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок во Сараево
-Посета на Вишеград и Андриќград
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник
Што не е вклучено во цената
-Посета на Тунел Спаса- 15 евра од лице
-Посета на Босанските пирамиди (равно тунел)- 25 евра од лице
-Херцеговински пакет (Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буне и Мостар)- 55 евра од лице
-Крстарење по Дрина- 7 евра од лице
–BH ПАКЕТ (Тунел Спаса, Босански пирамиди, Бункер на Тито,Јабланица,Врело Буна и Мостар)- 85 евра од лице (10 евра попуст)
-Туристичка такса 3 евра од лице за 3 ноќевања- Се плаќа во автобус задолжително.
Важно
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
-Патниците при уплата се изјаснуват за користење на екскурзиите. Факултативните излети се уплаќат во автобус.
-За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
-За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
-Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на програмата доколку процени дека тоа е потребно и во полза на патниците.
-Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
Факултативни излети:
Посета на Тунел Спаса Цена за пакет: 15€
Посета на Босанските пирамиди Цена за пакет: 25€
Херцеговински пакет Цена за пакет: 55€Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буне (Благај) и Мостар
BH ПАКЕТ
Цена за пакет: 85€(Тунел Спаса, Босански пирамиди, Бункер на Тито, Јабланица, Врело Буна и Мостар)