СИЦИЛИЈА
08.Октомври (вторник) СКОПЈЕ – ПАЛЕРМО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:00 часот. Полетување за Палермо со една промена на лет. Пристигнување во Палермо околу 09:00 ч. Панорамско разгледување на главниот град на Сицилија, каде што древната историја се среќава со живите улични пазари и сончевите крајбрежја. Ќе го откриеме прекрасниот Палермо, еден од најбогатите градови на островот по својата историја и уметност, кој се простира крај заливот во кој доминира планината Пелегрино, гребен опишан од Гете како најубавиот што некогаш го видел. Иако во архитектурата преовладува барокот, има изобилство од различни архитектонски стилови кои го одразуваат мултикултурното минато на градот: пунските ѕидови, вилите во Арт Нуво, благородничките резиденции, плоштади од 17 век, вклучително и елегантната оперска куќа. Посета на прекрасната еклектичка катедрала, зачудувачката црква Марторана и неверојатната Капела Палатина, восхитувачки пример од историска и уметничка гледна точка и доказ како различните култури, религии и начин на размислување, навидум некомпатибилни, можат да коегзистираат и да создадат прекрасни дела кои низ вековите биле изработени од византински, муслимански и латински работници. Попатно ќе му се восхитуваме на познатиот Театро Масимо и на фонтаната на плоштадот Преторија, сместена во античката област Калса и украсена со скулптури од 16 век. Сместување во хотел. Слободно време за вечерни прошетки. Ноќевање.
09.Октомври (среда) ПАЛЕРМО – МОНРЕАЛЕ – СЕГЕСТА
Појадок. Заминување кон Монреале, град во близина на Палермо познат по својата величествена Норманска Катедрала, Катедралата на Монреале (Cattedrale di Monreale). Оваа катедрала се смета за еден од најдобрите примери на Норманската архитектура на Сицилија и е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО. Катедралата е импозантна по својата градба со кораб долг 100 метри, комбинира елементи од Нормански, Византиски и Исламски стилови, што ја одразува мултикултурната историја на Сицилија. Била нарачана од Кралот Вилијам II од Сицилија во 1174 година. Внатрешноста на катедралата е украсена со зачудувачки византиски мозаици што покриваат над 6.000 квадратни метри. Покрај катедралата се наоѓа бенедиктински манастир, ремек дело на средновековната уметност, со 228 столбови кои се уникатно изрезбани, прикажувајќи сложени дизајни. Продолжуваме кон Сегеста, колонија на античките Елимци во која доминира елегантен осамен дорски храм. Широките ридови посветени на земјоделските култури и пасиштата, и неколкуте дрвја што се прошируваат надвор од пејзажот веројатно се исти како пред илјадници години... можност за посета на храмот и театарот кои биле изградени во III век п.н.е. а се наоѓаат на 400 метри надморска височина. Враќање во хотел. Слободно време за иднивидуални активности. Ноќевање.
10.Октомври (четврток) ПАЛЕРМО – АГРИГЕНТО
Појадок. Заминување кон Агригенто (Agrigento) град во јужниот дел на Сицилија, познат по своето богатство на антички археолошки локалитети, особено по Долината на храмовите (Valle dei Templi), која е едно од најважните места на античката грчка цивилизација на Медитеранот и дел од Светското наследство на УНЕСКО. Како еден од најпросперитетните од античките грчки градови на островот, Агриџенто претставува извонредна низа на дорски храмови од 5 век п.н.е. Покрај прекрасниот пејсаж од карпести брегови и зелени ридови ќе се восхитувате на остатоците од древниот град и ќе ги видите „Храмот на Хера“, „Храмот на Конкордија“ и „Храмот на Херакле“. Враќање во хотел. Ноќевање.
11.Октомври (петок) ПАЛЕРМО – ПЈАЦА АРМЕРИНА – СИРАКУЗА
Појадок. Заминување од Палермо кон Сиракуза. Попатна посета на Пјаца Армерина шармантен град во централна Сицилија, познат пред сè по зачудувачката римска вила, Вила Романа дел Касале, која е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО и е прочуена по својата извонредна збирка на римски мозаици. Вилата, изградена во 4-тиот век н.е., е една од најлуксузните и најдобро зачуваните римски вили во светот. Патувањето продолжува кон Сиракуза, еден од најубавите и најисториските градови на Сицилија! Овој антички град, некогаш моќен антички грчки центар, сега е ризница од археолошки богатства, барокна архитектура и прекрасни морски пејзажи. Посетата ќе започне од Археолошкиот парк Неаполис, со грчкиот театар, римскиот амфитеатар, Латомијата на Рајот и Увото на Дионисиј. Продолжуваме кон прекрасната Ортигија, остров кој е историски центар на Сиракуза. Во Ортигија ќе се восхитуваме на прекрасната катедрала која доминира на плоштадот со своето авторитативно присуство. Фасадата е моќна сицилијанско- барокна композиција, но не дава навестување дека оваа зграда некогаш била дорски храм! Од Пјаца Дуомо ќе стигнеме до широка тераса на брегот околу познатата фонтана Аретуса, еден од најпознатите извори на свежа вода на грчкиот свет. Сместување во хотел во околина на Сиракуза. Ноќевање.
12.Октомври (сабота) НОТО – РАГУСА – МОДИКА
Појадок. Заминување на целодневна тура. Патувањето низ градовите Ното, Рагуза и Модика е како патување низ барокен рај, каде што архитектурата, историјата и вкусната храна се спојуваат за да создадат незаборавно искуство од истражувањето на овие три бисери на Сицилија, кои заедно го сочинуваат срцето на долината на Ното, дел од Светското наследство на УНЕСКО. Ното - барокниот град на Сицилија, познат по своите златни камени фасади и импресивни барокни градби. Шетањето низ неговите улици е како да влегувате во живописна приказна од 18 век, игра на елегантни облици, цветни ткаенини, палати и градини, капители и орнаменти кои ги красат фасадите на црквите и манастирите. Можност за посета на Palazzo Nicolaci Villadorata, прекрасна благородничка резиденција во барокен стил. Рагуза е поделена на два дела: Рагуза Супериоре (горниот дел) и Рагуза Ибла (долниот дел), што создава уникатна атмосфера. Рагуза Ибла е посебно позната по својата средновековна архитектура и барокни зданија. Овој мал скапоцен антички град е домаќин на повеќе од 50 цркви и многу барокни архитектонски богатства! Ќе бидете фасцинирани од нејзината катедрала, сместена на прекрасниот плоштад и ќе го засакате „Џардино Иблео“, најстарата од четирите главни градини во Рагуза... На 383 метри надморска височина, од оваа прекрасна градина можете да и се восхитувате на спектакуларната панорама! Модика е позната не само по својата барокна архитектура, туку и по своето чоколадо, направено според древна астечка традиција донесена од шпанските освојувачи. Шетајќи по малите улички на овој шармантен град, ќе имате можност да го посетите Сабади, еден од најреномираните производители на чоколади чија чоколада е наградена како најдобра чоколада Модика во последните 9 години! Враќање во хотел во околина на Сиракуза. Ноќевање.
13.Октомври (недела) ЕТНА – ТАОРМИНА
Појадок. Денот го започнуваме со екскурзија до вулканот Етна, највисокиот вулкан во Европа (околу 3350 m) и еден од најголемите и најактивните во светот. Како дел од листата на светското наследство на УНЕСКО, националниот парк опфаќа 59.000 хектари уникатна геологија, флора и фауна, села и фарми, како и традиционални методи на шумарство, пчеларство, производство на вино, каменоделство и столарија. Прекрасните пејзажи ќе ве воодушеват кога се упатувате кон Рифуџо Сапиенца и по пристигнувањето до „Crateri Silvestri“, мали вулкански конуси кои сега се неактивни, опкружени со прастари текови на лава. Погледот од може да се протега низ цела Сицилија, Еолските острови и Калабрија. Спектаклот е единствен! Турата продолжува кон Таормина, шармантен град познат по својата прекрасна позиција над морето со единствен поглед на Етна. Посета на фасцинантниот грчки театар во Таормина, кој ќе ве остави без здив поради неговиот незаборавен поглед на заливот Џардини Наксос. Слободно време за пријатна прошетка низ живописните типични тесни улички, за пазарење и разгледување на локалните ракотворби (корален накит, јувелирници, керамика, колачи и многу повеќе). Враќање во хотел. Ноќевање.
14.Октомври (понеделник) КАТАНИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување за Катанија. Посета на историскиот центар на Катанија, дел од светското културно наследство на УНЕСКО, со својот оригинален барокен стил и уникатните улици изградени со црн камен од лава. Шемата на бои на зградите во центарот на градот е црна и темно сива, ослободена со бели варовнички детали околу вратите и прозорците, што дава исклучително елегантен ефект! Ќе го видиме живописниот плоштад Дуомо со прекрасната катедрала и познатата статуа „Лиотру“, античкиот слон од лава-камен, симболот на градот. Недалеку, на Универзитетскиот плоштад ќе се прошетаме по прекрасната барокна Via dei Crociferi, најрепрезентативната улица од 18.век во Катанија, каде што се наоѓа познатиот манастир С. Бенедикт. По можност, на крајот, уживајте во одморајќи се во историскиот бар во центарот на градот за да ја вкусите типичната „гранита и бриош“. Организиран трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Скопје во 17:40 ч, со една промена на лет. Пристигнување во Скопје околу полноќ.
SUPERIOR пакет со вклучени 8 екскурзии
Редовна цена на аранжманот: 1090€ (67.580,00 мкд)
Цена на аранжманот во претпродажба: 1040€ (64.480,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје-Палермо и Катанија-Скопје со вклучени такси
- Багаж: Патна торба до 8 кг (до 115 цм, збир на димензии д+ш+в) и рачна торба до 3 кг.
- Трансфер од аеродром-хотел во Палермо / хотел-аеродром во Катанија
- 3 ноќевања со појадок во Палермо, во Hotel Casena dei Colli *** или сличен
- 3 ноќевања со појадок во околина на Сиракуза, во Hotel Residence Archimede ***
- Разглед на Палермо со локален водич на англиски јазик
- Целодневна тура со посета на Монреале и Сегеста со локален водич на англиски јазик
- Полудневна тура до Агригенто со локален водич на англиски јазик
- Трансфер од Палермо до Сиракуза со разглед на Пјаца Армерина и Сиракуза,
- Целодневна тура со разглед на Ното, Рагуса и Модика со локален водич на англиски јазик
- Целодневна тура до вулканот Етна и градот Таромина со локален водич на англиски јазик
- Разглед на Катанија со локален водич на англиски јазик
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување
- Туристичка такса: 4 € по лице по ноќевање во Палермо, 2 € по лице по ноќевање во Сиракуза (вкупно 18 € по лице), се плаќа во хотелите
- Пријавен багаж, до 23кг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба > + 220 €
- Трето лице во соба > - 50 €
- Билети за локален јавен превоз и трансфери
- Пијалоци, оброци кои не се наведени во програмата, tips/бакшиш, и друго што не е вклучено вo цената за аранжманот
- Други индивидални трошоци кои не се вклучени во цената на аранжманот
- Влезници за културно-историските споменици
(Информативни цени на влезници по лице, можни се промени во износите:
*Monreale – катедрала € 6,00;
*Monreale – манастир € 8,00;
*Palermo – Cappella Palatina € 16,50;
*Palermo – црква Martorana € 2,00;
*Taormina – антички театар € 13,50;
*Syracuse – археолошки парк € 14,00;
*Syracuse – катедрала € 2,00;
*Noto – Palazzo Nicolaci € 4,00;
*Piazza Armerina – Villa Romana € 13,50;
*Agrigento – долина на храмовите € 15,00;
*Segesta – археолошки локалитет € 14,50
НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници
- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот