Тајланд
Туристичките места и атракции во Тајланд не може да се избројат, едноставно ги има премногу. Тоа не е држава која се посетува еднаш во животот, напротив - секоја посета ве остава нетрпеливи за следното, повторно враќање.
Бангкок со околината е приказна која не смее да се пропушти. Тука е и мистичниот север (Чанг Маи) каде природата културата, духовноста и архитектурата никого не оставаат рамнодушен. Патаја од друга страна ги спојува урбаните задоволства и релаксацијата покрај плажите. Но, островите се она што најмногу ги привлекува милионите туристи кои го посетуваат Тајланд - Пукет, Ко Чанг, Ко Самет, Ко Самуи, Ко Ланта, Ко Мак, Пи Пи, и многу други се всушност местата на разгледниците од Тајланд.
Корисни информации
ВИЗИ
За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во земјата. Одговорна амбасада за државјани на Р.С Македонија е амбасадата на Кралството Тајланд во Анкара (Турција). Лично присуство на подносителот на документите не е задолжително. Нашата агенција има посредничка и консултативна улога во процесот на визирање и може да извади виза во име на патникот.
За сите погоренаведени информации како и за условите за добивање на Тајландска виза, најдобро е уште еднаш да се потврдите со информациите објавени на вебсајтот на Амбасадата:
ВАЖНА НАПОМЕНА: НАШАТА АГЕНЦИЈА НЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА НЕМОЖНОСТ НА ДОБИВАЊЕ ВИЗА ПОРАДИ НЕПОТПОЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ВО ТАКВИ СЛУЧАИ - ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
ЛЕКОВИ, ВАКЦИНИ И ЗДРАВЈЕ
За патување и влез во Тајланд не е потребна вакцинација и нема опасност од тропски болести. За патувањето не е потребен доказ за вакцинација, освен ако доаѓате од област зафатена со жолта грозница (области од Централна Африка или Јужна Америка). Секако овие податоци и информации препорачуваме да ги проверите со Институтот за Јавно Здравје во Македонија. Препорачуваме на пат да понесете пробиотици, лекови за настинка и температура (пр. Фервекс, Риностоп) како и лекови за болка (пр. Бруфен, Кафетин) и доколку примате редовна терапија - лековите кои Ви се препишани. Исто така понесете и Аутан или некое слично средство против комарци.
КЛИМА
Во Тајланд преовладува тропска монсунска клима. Сезоната на дождови трае од средината на мај до октомври, додека сува сезона е во периодот од ноември до април. Температурата е летна (висока) во текот на целата година. Регистрираните температури се движат од 20°C и највисоката до 38°C. Поради високата влажност на воздухот температурата тешко се поднесува. На северниот дел влажноста е значително помала, а климата поблага. Југозападните монсуни кои доаѓаат помеѓу мај и јули (освен на југ) сигнализираат доаѓање на сезоната на дождови (ruedu fon). Таа трае до октомври и облаците ја редуцираат температурата. Влажноста на воздухот во тоа време е висока. Ноември и декември означуваат сува сезона и ноќни температури во пределите со висока надморска висина можат повремено да паднат до ново на благ мраз. Температурите почнуваат да се искачуваат во јануари, кога може да достигнат и до 40°C.
Планот на сезонатa на патувањата и поаѓањата на нашиот Вебсајт се базирани на искуства од претходните 10 години и се избегнуваат месеците за кои постои опасност од обилни дождови
БЕЗБЕДНОСТ
Градовите и местата кои си посетуваме за време на патувањето се безбедни, но секако советуваме да внимавате на своите лични работи, документи и пари (како и на патување во било кој европски или некој друг град). Местата каде се сместуваме се туристички места каде сите збиднувања се околу нашиот хотел, односно во близина на плажата и главните пешачки улици, така што сме во осветлен дел каде се движат туристи и е безбедно. Навечер, избегнувајте сами да ги истражувате периферните делови на градот.
ПАРИ, ПЛАЌАЊЕ И ТРОШОЦИ
Официјална и основна валута на Тајланд е Тајландски бах (THB). Односот на валутата е следен:
1 EUR = 35.92 Thai Baht
1 USD = 35.45 Thai Baht
* Ова е курсот во моментот на објавување на овој текст. Истиот можете да го проверите на google.com пред патување.
Во многу од баровите, рестораните и продавниците ќе може да плаќате во долари, но по неповолен курс отколку да ги смените парите во менувачница. Што се однесува на платежните картички, може да носите за подигнување средства од банкомат, но секако е подобро да имате кеш со себе. Доколку носите картичка најавете и на матичната банка дека ќе имате плаќања во странство, како не би Ви ја блокирале картичката кога ќе плаќате во Тајланд. Провизијата за користење на банкоматите се движи околу 180 - 200 ВНТ (6 евра), но за точната висина на провизијата треба да проверите со матичната банка. Наша препорака е да понесете кеш.
Исто така советуваме да не носите банкноти од 500€ бидејќи повеќето менувачници не ги прифаќаат. Менувачници исто така имате на секој чекор, достапни во текот на целиот ден.
Патниците на ова патување трошат од 550€ па нагоре (без факултативните излети), но тоа секако е индивидуална работа и зависи колку трошите на shopping, храна, сувенири, излегувања итн. Ако до сега не сте научиле да се ценкате, ова е вистинско време инаку сé ќе платите многу поскапо.
ХРАНА И ВОДА
Храната е многу разноврсна, типично азиjска. Има многу ориз, риба, нудли, пилешко, овошје и зеленчук. Таи кујната спаѓа помеѓу најдобрите кујни на светот и е традиционален источен производ, но сé почесто и западно кулинарско влијание. Обележја на таа егзотична кујна се чили пиперките, лук, коријандер, тајландски босилек, лимета, лимонова трева, галангал, тамаринд и имагинарни кари зачини - црвени, зелени и жолти - машаман кари, но и комбинација на ориз, кокос, банани, ананаси, папаја, манго, кикиритки, месо, лигњи, ракчиња и морски плодови. Специјалитет на тајландската кујна е Pad Thai – јадење од оризови нудли, зеленчук, месо и е збогатено со зачини. Покрај тоа, на Тајланд можете да испробате разни супи, пржен ориз со додатоци и разни егзотични комбинации на солено и слатко, месо и овошје. Ако не јадете луто нагласете на келнерот, затоа што чилито е силно застапено во тајландската исхрана. Уличната храна е, по мислење на многумина највкусна, а постои и голем број на ресторани со домашна и интернационална кујна.
Свежо овошје и цедени овошни сокови ќе најдете на секој чекор, и тоа по поволни цени. За љубителите на слаткo, тука се Mango sticky rise (Mанго со сладок ориз) и Roti – вид на палачинки.
За препораки во однос на одлична локална храна, street food, локални традиционални ресторанчиња најдобро би било да се консултирате со нашиот претставник на дестинацијата.
*Конзумирајте исклучиво флаширана вода.
ВРЕМЕНСКА ЗОНА
Кралството Тајланд се наоѓа во GMT +7 временска зона, односно разликата помеѓу Македонија и Тајланд е +5 часа.
СТРУЈА
Потребно е да понесете адаптер за струја – влез како за Велика Британија (штекери со три сплоснати влезови)
ТЕЛЕФОН И КОМУНИКАЦИЈА
Во Тајланд скоро секаде има достапен интернет. Во поедини сместувања сигналот може да биде послаб во собите, но е достапен и одличен на рецепција во хотелот. Исто така повеќето барови и ресторани имаат WiFi. Мобилните мрежи од сите мрежи функционираат на Тајланд, но исто така може да купите нивна сим картичка за интернет доколку сакате да бидете постојано поврзани. (Картичките за интернет ги има во сите поголеми маркети или на Аеродром по пристигнувањето).