Фурка - Хотел Bellagio
Хотелот се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од песочната плажа на Фурка, на еден полуостровот Касандра, Халкидики. Хотел со 3+ звезди – е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот Белаџо создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, кој во минатото се викаше Авра, и е надалеку познат по својата богата програма на СЕ ВКЛУЧЕНО.