Ханиоти - Вила Мими
Вила „Мими“ е лоцирана централно во Ханиоти, оддалечена околу 5-7 минути пешачење до плажа и 3-4 минути до плоштадот. Располагаме со четирикреветни студија и петкреветни апартмани. Куќата има голем, убаво уреден двор со зеленило и сопствен паркинг. Сите соби се со комплетно опремена кујна, ТВ, сопствен тоалет, големи тераси. Интернетот и климата се вклучени во цената.
Попуст од 12% за целосни уплати заклучно со 21 април
39.9981948,23.5728668
Попуст од 12% за целосни уплати заклучно со 21 април
39.9981948,23.5728668
Напомени и услови:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува 10 евра (620 денари).
- Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплатата за трето лице од 40 евра (без разлика дали користат превоз).
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)
За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550 мкд. (25 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште - Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.