Пoчитувани наши клиенти, патници и колеги
Во согласност со препораките од надлежните државни институции во врска со ситуацијата со вирусот Корона (COVID-19), Туристичката агенција КАРАЏА ТУРС , започна со работа на 04.05.2020, применувајќи ги сите пропишани мерки за заштита.
Во контекст на моменталното негативно влијание на пандемијата, врз севкупното туристичко работење на нашата агенција и на сите нејзини партнери низ светот, сакаме да ги споделиме со Вас најбитните информации и совети, за кои се надеваме дека ќе ни помогнат во заедничкото надминување на проблемот и последиците предизвикани од него.

· За актуелната Законска уредба на Владата и вредносните ваучери?
На 27.седница одржана на 24.март 2020 година, од страна на Владата е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за туристичка дејност за време на вонредна состојба. Согласно со оваа владнина Уредба со законска сила (Објавена во Службен весник бр.80 од 27.03.2020 година), туристичките агенции ќе издаваат ваучери во вредност на сумата уплатена за аранжманот кој бил откажан како резултат на кризата со Корона вирусот.
Со оваа мерка според член 2. од Уредбата, туристичките агенции кои ќе мораат да ги откажат своите аранжмани за време на вонредната состојба, ќе бидат должни да им издадат нов (вредносен) ваучер на клиентите, со износ на претходно уплатената сума кој што тие понатаму ќе можат да го искористат за друго патување заклучно со 31.12.2021 година.
Со оваа мерка се очекува како агенциите, така и патниците кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот не можеле да ги реализираат своите арнжмани, уплатените средства за нив да не ги изгубат, туку нивниот износ да го искористат за друг аранжман во периодот по завршетокот на вонредната состојба. Оваа Уредба, воедно им овозможува на туристичките агенции и на нивните партнери, полесно да се реорганизираат и да го издржат финансискиот товар од загубите, кој согласно мерките би се распределил на подолг временски период. Издавањето на Ваучерите ќе биде унифицирано за сите агенции и ќе се реализира со согласност на двете страни, односно туристичките агенции и патниците.
· Кога и како ќе се издаваат вредносните ваучери?
Според Уредбата за примена на оваа мерка, вредносните ваучери кои ќе се издават како гаранција за користење на уплатениот износ од аранжманите (претходно проследен и авансиран кај крајните даватели на услугите: хотелите, туроператорите, авио компаниите, превозниците...), ќе се однесуваат само за оние аранжмани кои ќе се откажуваат од агенциите или од давателите на услугите, а кои требало да се реализираат во актуелниот “вонреден период” настанат под влијание на пандемијата. Всушност за сите оние аранжмани кои поради вирусот, воедно и не можеле да се користат од страна на патниците.
· Кога и како можете да се откажете од вашето патување?
Од патувањето можете да се откажете или истото ќе биде откажано од наша страна, само доколку во дадениот момент се такви и насоките од надлежните органи, или пак доколку крајните даватели на услугите: авиокомпаниите, хотелите, превозниците или туроператорите, донесат одлука за прекин на нивните планирани услуги.
Доколку за земјата, регионот и периодот на резервираното патување, нема конкретни рестрикции за патување издадени од надлежните органи, ниту пак има актуелни домашни или надворешни мерки кои би ја спречиле неговата реализација, ние препорачуваме патувањето да не го откажувате. Всушност во ваков случај, кога аранжманот не е под влијание на актуелната пандемија, или истиот треба да се реализира во период по нејзиното очекувано завршување, а патникот сепак се одлучил да поднесе барање за отказ на уплатениот аранжман, тој ќе биде разгледуван како “вообичаен отказ” предвиден со Законските одредби, Општите услови на патување или Посебните услови за резервација на аранжмани, поврзани за периодот на акциската предпродажба.
Секако агенцијата и понатаму ќе го има сето потребно разбирање за личните причини поради кои патникот го довеле до неговата одлука и ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да го најде за него најповолното решение. Важно е и да се напомене, дека за секој отказ или пак промена на патувањето, агенцијата и патникот требаат да се информираат благовремено. Самоиницијативното превземање на било какви активности, спротивни на важечките Законски одредби и пропишани услови на патување, може да доведат до причини и последици вон коректното и успешното надминување на било кој настанат проблем.
· Дали треба да бидете загрижени за вашето патување или одмор?
Разбирајќи ја актуелната состојба со вирусот (Covid-19) која наметнува сеопшта несигурност и неизвесност поврзана за планираните патувања и одмори, со постојано следење на состојбите во земјата и пошироко, како и препораките кои секојдневно се менуваат, ние целосно ја разбираме и делиме вашата загриженост.
Како директно засегнати и погодени од оваа пандемија, ние секојденвно го следиме развојот на состојбите во светот и воедно ве уверуваме, дека и самите никогаш не би го довеле во ризик здравјето на нашите патници, вработените лица и колеги, преку реализација на било кој аранжман од нашата понуда.
Доколку за одредена држава, регион или дестинација, која е предмет на планирано патување или аранжман за одмор, постои рестрикција или забрана за патување кон неа издадена од надлежните органи, или пак постојат било какви официјални препораки за да не се патува кон неа, аранжманот ќе биде последователно откажан и уплатените средства за него пренасочени или искористени за друг термин или дестинација, во согласност со Законските уредби и направената консултација со патникот.
· Дали можете самоиницијативно да ја откажете или промените, вашата резервација за патување или летен одмор?
Ние секако се надеваме, дека вашиот одмор Вие нема да го откажете или промените предвреме. Особено не би сакале тоа да го направите, како резултат на избрзана и панична реакција иницирана од моменталната состојба со вирусот. Наш предлог е секако, заеднички да изнајдеме трпение и потребен оптимизам до очекуваното скорешно завршување на оваа состојба. При тоа, се подразбира дека овој наш став воопшто не ја негира било чија одлука или право на патникот, за негов евентуален отказ на уплатениот аранжман за одмор. За отказ е доволно патникот само да достави писмена изјава-барање, со која се откажува од претходно договорениот аранжман. Групните откажувања, или пак откази пеку телефон или e-mail без пропратна писмена изјава-барање доставена до продажните места, не ќе можат да бидат обработени.
Тоа што би требало да се знае и да се има предвид при донесувањето на евентуалната одлука за отказ поради Корона вирусот, е дека сите препораки и рестрикции за патување издадени од надлежните органи, сепак имаат локациска и временска рамка, како и соодветна важност. Всушност истите не можат произволно да се толкуваат и однесуваат за дестинации, термини и периоди кои не се опфатени со законски објавената "Вонредна состојба". Актуелните летни аранжмани и понатаму остануваат непроменети. Планираните програми и термини за реализација, до овој момент за било која летна дестинација или туристички аранжман, се непроменети. Нивното откажување или промена поради влијание на пандемијата од вирусот Корона, е сѐ уште непотребно и непредизвикано.
Ние активно ќе продолжиме да го следиме развојот на настаните, како и препораките кои би можеле да влијаат на нашата летна програма. Доколку дојде до било каква промена предизвикана од истите, поради што како агенција не ќе бидеме во можност да го реализираме вашиот планиран аранжман за одмор, Ве уверуваме дека благовремено ќе ве контактираме и информираме за тоа, како и за евентуалните можности за адекватна промена на аранжманот. Секако во таков случај, се подразбира и споменатата Уредба за издавање на ваучер за понатамошно користење на средствата од претходно уплатениот, а откажан аранжман.
Ви посакуваме добро здравје и скорешно безгрижно патување...

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
ИНФО КОРОНА (COVID - 19)
СООПШТЕНИЕ за издавање на ВАУЧЕРИ
Почитувани граѓани, клиенти, патници и колеги,
Имајќи ја предвид моменталната состојба, неизвесноста во која се наоѓаме, поради прогласената пандемија од Корона вирусот на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, Ви се обрќаме со цел да ви ги проследиме потребните информации околу веќе резервираните аранжмани.
Со цел да се заштитат патниците - корисници на услуги и вработените во Туристичко-угостителската дејност и превозот на патници, а во ситуација на неможноста да се реализираат аранжманите и услугите, на 24.03.2020 год Владата на РС Македонија донесе УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, објавена во службен весник бр. 80 од 27.03.2020 уредба (која е објавен на нашата веб страна). Врз основа на оваа Уредба и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија - сектор за туризам и угостителство, во продолжение е следното образложение:
-Туристичките агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на Вонредната состојба, се должни да издадат нов вредносен ВАУЧЕР на корисникот на откажаниот туристички аранжман. Уредбата важи за сите откажани аранжмани за лето 2020, од прогласување на Вонредната состојба.
- Ваучерите ќе се издаваат во 3 примероци со рок на важење до 31.12.2021, (Агенцијата е должна еден примерок од ваучерот, да достави до Министерството за економија заради евиденција).
- Начинот на користење на Ваучерот ќе се реализира во согласност со двете страни, односно Туристичката агенција и корисникот на ваучерот, кои ќе се договорат за: дестинација, термин на поаѓање, времетраење на аранжманот... Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ од уплатата на аранжманот, кој е откажан поради вонредната состојба и да користи за ист или сличен аранжман за кој претходно имал уплатено, во договор со агенцијата.
- Ваучерите се издаваат од страна на Агенцијата со лиценца А - носител на аранжманот, и ќе се подигнуваат лично во туристичката агенција каде имале извршено уплата - резервација или на барање на патникот истиот ваучер може да биде испратен по електронски пат, односно по е – маил.
- Користењето на ваучерите мора да биде преку истата агенција од која го добиле. Ваучерите ќе гласат на истиот патник кој имал договор за патување за откажаниот аранжман, но користењето на ваучерот можи да биди и од друго лице, т. e. ваучерите се преносливи на друго лице во согласност на патникот со агенцијата.
- Агенциите кои ќе издаваат Ваучери истите ќе мора да ги реализираат, односно не смеат агенциите да прогласат престанок на вршење на дејноста без да се обештетат граѓаните.
Образложение: Никој повеќе од нас не сака да се остварат патувањата, летувања, кои се основа на нашиот бизнис. Загубите кои ги броиме се огромни за нас, но ова е време кога здравјето на сите Вас и Нас е поважно од се. Затоа ги следиме препораките на Светската здравствена организација и Владата на нашата држава. Со оваа мерка се очекува како агенциите така и патниците кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот, не можеле да ги реализираат своите аранжмани, уплатените средства да не ги изгубат, туку нивниот износ да го искористат за друг аранжман во период по завршување на вонредната состојба, заклучно 31.12.2021. Поради фактот што работењето на субјектите во Туризмот опфаќа услуги и патувања на туристи во земјава и во странство, а при тоа во реализацијата на услугите се вклучени два или повеќе даватели на услуги од различни земји каде мерките кои ги превземаат владите и надлежните институции се разликуваат и не се идентични од една до друга земја, дополнително се усложнува состојбата со реализацијата на услугите, како и статусот на Договорите за патување и услуги кои патниците ги имаат склучено со туристичките агенции, хотелиери, превозници и други даватели на услуги.
Се надеваме на разбирање и заедничко решавање на настанатата состојба.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани патници и соработници ,Имајќи ја предвид моменталната прогласена состојба на пандемија и прогресивното ширење на коронавирусот (COVID-19), согласно донесените времени мерки и Уредбата на Владата со законска сила за примена на Законот за туристичката дејност за време на вонредната состојба, донесена на седницата одржана на 24 март 2020 година (Службен весник на РСМ, бр. 80/20 од 27.03.2020 година), како и препораките на СКТМ, ги објавуваме следниве важни информации за Лето 2020 година во врска со состојбата на престојните патувања, туристички аранжмани и услуги.
Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат за сите патници, кои имаат уплатено туристички аранжмани за сезона Лето 2020.
Поради неможност да се реализираат под објавените услови (планираните термини на патување, период на престој или објект на престој), ограничување на патувањето на граѓаните, затворањето на аеродромите и границите, сите аранжмани се откажуваат .
За сите откажани туристички аранжмани туристичката агенција Ле Ти турс Караџа 2007 ќе им издава на патниците вредносни Ваучери, врз основа на примена на одредбите од Уредбата од Владата и Министерството за економија - сектор за туризам и угостителство, и во продолжение ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите:
· Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов Ваучер на корисникот (патникот) на туристичкиот аранжман.
· Ваучерите ќе бидат издавани од страна на туристичките агенции во три примероци со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија, за потребната евиденција), а патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат, односно по е-маил.
· Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на новиот аранжманот за кој би се користел Ваучерот.
· Издадениот ваучер патникот ќе има можност да го искористи за аранжмани во организација на туристичката агенција (организаторот на првичниот аранжманот), а вредноста на ваучерот ќе биде во истиот износ колку што била уплатата за аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.
· Ваучерите кои ќе бидат издавани и ќе гласат на име на име на патникот кој ja извршил резервацијата и уплатата, и истите ќе можат да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник (по договор меѓу патникот и туристичката агенција).
НАПОМЕНА:
- По завршување на вонредната состојба и нормализирање условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, доколку постојат услови, Ле Ти турс Караџа 2007 ќе објави нови понуди на аранжмани за Лето 2020 со нови услови, за сите или за дел од претходно објавените дестинации. По објавувањето на новите понуди ќе може да се прават нови резервации за кои ќе се искористат вредносните ваучери.
* Патниците кои добиле попуст на туристичкиот аранжман поради извршена рана уплата на истиот, со откажување на аранжманите поради прогласената пандемија и издавањето на вредносниот ваучер, можно е патниците да го изгубат попустот на аранжманот добиен со раната уплата и во овие околности ЛЕ ТИ ТУРС КАРАЏА 2007 не гарантира за задржување на попустот.