Приватно сместување охрид
Охрид, град кој се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и е лоциран на североисточниот брег на Охридското Езеро, најпрепознатливиот бренд на Република Македонија во Европа и Светот, кој со своите природни, културни, духовни и историски посебности е бележит дел на македонската и европската историја од неодамна се вборои помеѓу 30-те најубави мали градови во Европа, како топ дестинација која несебично нуди прекрасни моменти и уживање преку бројните видови туризам.
Охрид - стариот град на светлинатаОва не е приказна,
Туку реалност која е вечна и никој досега не успеал да ја раскаже. Веројатно не се ни обидел. Во светот постојат неколку места кои едноставно не се раскажуваат. Пред нивните споменици, остатоци од цивилизацијата и храмови во кои се заборава идентитетот, интелектот ви дозволува само почит и размислување, колку уште овде може да се дознае и да се истражи. Овде во Охрид и најумните и најмудрите и најмоќните низ вековите имале една цел, да остават барем свој белег. Охрид едноставно не се освојувал, бидејќи веднаш станувал седиште на најмоќниот и повторно го живеел своето време каде победникот кој влегувал во градот не јуришал, туку се поклонувал.
И денес е така,
Во Библиска Македонија, сите патишта водат кон Охрид. Тој што доаѓа во овој град прво се воодушевува, а потоа длабоко во душата се поклонува пред неговите белези, кои едноставно ве тераат да разберете или можеби да се запрашате - зошто некои места се избрани да бидат поинакви, возвишени и единствени на светот.
Таков е Охрид,
Стариот Лихнидос чија тврдина првпат се споменува уште во 3 век пред нашата ера од историчарот Ливиј. Овде според истражувачите престојувал апостол Павле на својот пат на учењето во верата за Христа.
Охрид е центарот на христијансвото на сите Словени, седиште на архиепископијата, на првите школи и универзитети на овие простори но и многу подалеку. Денеска Охрид е центар на светски археолошки откритија и наоѓалишта. Охрид е градот на 365-те цркви. По една црква за секој ден во годината.
Уште во 14 век патеписецот Евлија Челебија го запишал тој податок, а уште во средниот век Охрид е наречен Словенски Ерусалим.
Градот на првите пештерски цркви на овие простори во кои човек заборава на времето и просторот и добива единствени одговори. Градот каде монаштвото ја оставило сета своја мудрост а бог својата премудрост.
Охрид е награда за Библиска Македонија ќе речат или ќе помислат само оние што го виделе и доживеале овој град. Само еднаш доживејте го Охрид и веќе знаете зошто ќе се вратите повторно и зошто Охрид едноставно не може да се раскаже.