• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 И 23 ОКТОМВРИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА1
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • Манастирите Југозападна Србија
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 И 23 ОКТОМВРИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА1
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • Манастирите Југозападна Србија
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија

​РИМ за 11 Октомври 

Picture
10. октомври 2026 (сабота) СКОПЈЕ – РИМ 
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 15:10 часот. Лет за Рим W6 4757 во 17:10ч. Пристигнување во Рим во 18:55 часот. Трансфер до хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
11. октомври 2026 (недела) РИМ  (панорамски разглед)
Појадок. Наутро, пешачки панорамски разглед со локален водич (превоз со метро): разгледот започнува кај триумфалната порта на цар Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали каде ќе се запознаете со Римскиот форум и историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот Кампидољо каде што се наоѓа најпознатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа гробницата на незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Прошетка по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај познатите Шпански скали каде се наоѓа познатата фонтана дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини. Пауза за ручек.. (Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил) Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано, базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил... Слободно време за индивидуални активности...Ноќевање. 
12. октомври 2026 (понеделник) РИМ - ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање
13. октомври 2026 (вторник) РИМ - TИВОЛИ - СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на прекрасната Villa D’Este и нејзината градина кои се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим, слободно време до трансферот до аеродромот во Рим во 15:30ч. Лет за Скопје W6 4758 во 18:35ч. Пристигнување во Скопје во 20:20 часот. .Ноќевање.
Цена на аранжманот во претпродажба: 
529€ (32.798 мкд)- Basic пакет – со вклучен 1 разглед        
609€ (37.758 мкд ) - Superior – пакет со вклучени 3 разгледи                                 
689€ (42.718 мкд )- Premium – пакет со вклучени 4 разгледи
Цена на аранжманот: 
569€ (35.278 мкд)- Basic пакет – со вклучен 1 разглед        
649€ (40.238 мкд )- Superior – пакет со вклучени 3 разгледи                                 
729€ (45.198 мкд )- Premium – пакет со вклучени 4 разгледи

​О ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
- Сместување во хотел Marc Aurelio 4* https://www.hotelmarcaurelio.com/en/ на база 3 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
- Рачна торба торба (20x40x30cm), до 8кг.
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено - патничко  осигурување околу 220мкд 
- Туристичка такса: Хотел 4* - 7,5€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг
- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
- Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба – 165€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
- Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
–За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
–За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници

​

​ПАРИЗ за 23ти Октомври 

Picture
22. октомври 2026 (четврток) СКОПЈЕ – ПАРИЗ (Панорамски разглед)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:10 часот. Полетување за Париз во 12:10ч број на лет W6 4719. Пристигнување во Париз на аеродромот “Beauvais” во 15:10 часот. Трансфер и панорамски разглед на градот: Париската опера, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам на островото Сите, универзитетот Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната порта, Елисејските полиња... Трансфер и сместување во хотел.  Ноќевање.
23. октомври 2026 (петок) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ / Ајфелова Кула / Крстарење по Сена 
Појадок. Полудневен факултативен излет со јавен превоз во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... посета на Ајфеловата кула – симболот на Париз (изградена за светската изложба во 1889 год.). Единствената прилика да се види прекрасната панорама на Париз од врвот на Ајфеловата кула. Факултативно вечерно крстарење по реката Сена. Романтично пловење со брод и прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот од една друга перспектива. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
24. октомври 2026 (сабота) ПАРИЗ (ЛУВР, Нотр Дам, Монмартр, Пигал...)
Појадок. Mожност за факултативна посета на најголемиот и најпосетен музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат едни од најпознатите уметнички дела на светот: Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, “Сплавот на медузата”... како и голем број на познати слики од Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен... (одење и враќање со метро). Можност за индивидуални прошетки и посети низ центарот на Париз: Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, или уметничкиот кварт Монтмартр со катедралата Сакр Кер, од каде се пружа прерасен поглед на Париз. Вечерта можност за прошетка до квартот Пигал, каде се наоѓа и познатото кабаре “Мулен Руж”. Прошетката продолжува до авенијата Шанзелизе, Триумфалната порта и плоштадот Конкорд... Враќање во хотел Ноќевање.
25. октомври 2026 (недела) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Рано наутро одјавување. Трансферот до аеродромот “Beauvais” во 10:30:00ч. Лет за Скопје во 14:55ч број на лет W6 4720. Пристигнување во Скопје во 17:40ч.
Цена во претпродажба: 489€ (30.318мкд)- вклучен 1 разглед
Цена на аранжманот: 529€ (32.798мкд) - Стандарден пакет – со вклучен 1 разглед       
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Париз – Скопје (со WizzAir)
- Аеродромски такси 
- Рачна торба 40*30*20cm до 10кг
- Организирани трансфери со автобус во Париз на релација: аеродром - хотел – аеродром
- Сместување во хотел Hotel ibis Paris La Defense Esplanade 3*, на база 3 ноќевања со појадок, 
- Организиран панорамски разглед на Париз локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса за сместување 5,53€ по лице од ноќ, се плаќа на рецепција.
- Посета со влезница за Ајфелова кула, влезница (19€ - 29€)
- Kрстарење по Сена, билет (од 20-25€)
- Посета на Лувр со јавен превоз, вклучено во цена: резервација и влезница: (40€) *уплата при продажба
- Посета на Версај со јавен превоз, вклучено во цена: резервација, локален водич, влезница и слушалки: (65€) *уплата при продажба
- Карти за јавен превоз
- Патничко здравствено осигурување 
- Доплата за еднокреветна соба (210€)

НАПОМЕНИ:
- За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот

​ПРАГА за 23ти Октомври 2026 

Picture
​ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевањa

Proudly powered by Weebly
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 И 23 ОКТОМВРИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА1
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • Манастирите Југозападна Србија
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија