Нова Година во БУДВА
1 ден 30.12.2024 Македонија Состанок на групата околу 22 00 часот на договореното место и заминување за Црна Гора. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 31.12.2024 Бар - Будва
Пристигнување во Бар и посета на врквата Св. Јован Владимир и летната резиденција на првиот и единствен црногорски крал Никола. Слободно време. Пауза за ручек или кафе. Заминување за Будва. Сместување во соби и апартмани. Слободно време. Индивидуален дочек на Новата Година на плоштад со богата музичка програма со настап на Владо Георгиев. Ноќевање.
3 ден 01.01.2025 Будва –Дубровник Слободно време или факулативна целодневна посета на Дубровник. Дубровник со локален водич - Страдун, Орландовиот Столб, Охофриевата фонтана, Кнежевата Палата. Слободно време и враќање во Будва во вечерните часови. Вечерта музичка програма на плоштад со Дино Мерлин. Ноќевање.
4. ден 02.01.2025 Одјавување од апартманите и заминување Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.
Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно веме. Во договорено место и време се собираaт од Будва и поаѓање кон Македонија.
Редовна цена: 119евра
ПРОМО ЦЕНА : 99 евра
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Сместување во БУДВА, само ноќевање -2 ноќи
- Превоз по дадените протоколи на дадената релација
- Посета на Бар
- Организација и водство на групата
ЦЕНАТА не вклучува :
- Влезници за културно историските локалитети
- Факултативна посета на Дубровник со локален водич - 30 евра
- Факултативна посета на Котор и Тиват – 15 евра
- Туристичка такса 1,5 на ден
- Задолжително патничко и здравствено осигурување (информации во агенција)
НАПОМЕНИ:
- Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 - 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 - 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжмано
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.