Најубави катедрали во #Европа
Саграда Фамилиа - Барселона Изградбата е започната 1886 година, а се очекува да заврши во 2026 година. Катедралата во Келн - Германија Градба во готски стил од 13 век, едно од накпосетуваните туристички места во Германија. Катедрала Свети Василиј - Москва Катедралата, со своите црвени тули и прекрасните шарени куполи, наликува на волшебен замок од приказните. Катедрала Дуомо - Милано Најголемата готска Катедрала во светот, Дуомо е центарот на Милано. Уникатен спој на архитектура и уметност. Катедрала Нотр Дам - Париз Станува збор за катедрала над катедралите, со една од најдолгите и најбогатите истории: местото каде што се случувале кралските свадби, крунисувањето на Наполеон Бонапарта и благословувањето на Jованка Орлеанка. Базилика Свети Марко - Венеција Свети Марко е катедрална црква во Венеција. Катедралната црква се наоѓа на истоимениот плоштад и истоимениот регион. Во близина на црквата се наоѓа Дуждовата палата. Аја Софија - Истанбул Музеј и џамија, позната по златните мозаици, во која преовладува златна, жолта и бела боја. Базилика Свети Петар - Рим Според христијанските верувања, во базиликата се наоѓа Гробот на Свети Петар, непосредно пред олтарот во базиликата. Поради оваа причина, многу од папите биле погребувани на тоа место уште од времето на раното христијанство.
0 Comments
Тунелот на 365 светци - пешачки тунел кој ги поврзува главниот пат и дрвената црква посветена на светите Константин и Елена (21.05 / 3 јуни) во планинското одморалиште Страја, Романија. Се одликува со икони на 365 светци, по една за секој ден од годината
|
kараџа турсВаш агент за патување од 1994 година архива
January 2025
категорииАЛБАНИЈА
|