НЕИ ПОРИ - ВИЛА МАГАС
Villa Maggas се наоѓа на околу 150 метри од големата и песочна плажа во Неи Пори, во мал и убаво уреден двор веднаш до вилата Анастасиос. Нејзината организираност, како и тивката атмосфера за време на престојот, се идеални карактеристики за мирен и убав одмор. Студијата и апартманите во вилата се изградени на високо приземје и кат и истите се сосема прилагодени за сместување на семејства со помали деца. Во нејзината непосредна близина се наоѓаат и два мини маркети, пекара и неколку ресторани. Вилата располага со стандарден Wi-Fi интернет, а паркингот за приватните возила е можен на самата улица пред објектот.
- 15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.01.2026
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
- Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)
*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред во MAGGAS е бесплатна (каде што е достапен).
- Доплата за туристичка такса 2€ (се плаќа во објектот).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување
ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
Приземје:
Студио. бр.5, тип 1/2 + 2 (еден брачeн кревет со ширина 120 cm и еден брачен кревет со ширина 110 cm)
Прв кат:
Студио. бр.6, тип 1/2+ 1 (еден брачен кревет со ширина 140 cm и еден единечен кревет 90 cm)
Студио. бр.7, тип 1/2+2 (еден брачен со ширина 140 cm и еден брачен со ширина 120 cm)
Студио бр.8, тип 1/2+2 (два брачни кревети со ширина по 120 cm и една софа)
Апартман бр.9, тип 2/2+1 (еден брачен кревет од 120 cm, еден брачен кревет од 110 cm и два еденечни кревети по 90 cm)
Сите апартмани се опремени со кујна одвоена од спалната, (освен во студио бр. 8), кујната е опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети). Прозорите имаат шибер ролетна, но немаат комарник. Тоалетот е со туш када за стоење.
Забелешка:
Апартман бр. 9, има одвоена кујна и две соби. Во едната соба има еден брачен и еден единечен кревет, а во другата соба има два единечни кревети.
