• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
    • АВИОНСКИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • КРСТАРЕЊА
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2025
    • ГРЦИЈА
    • АЛБАНИЈА
    • ТУРЦИЈА
    • ЦРНА ГОРА
    • PET FRENDLY
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • КОНТАКТ
  • Општи услови 2025
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • 24 МАЈ
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
    • АВИОНСКИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • КРСТАРЕЊА
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2025
    • ГРЦИЈА
    • АЛБАНИЈА
    • ТУРЦИЈА
    • ЦРНА ГОРА
    • PET FRENDLY
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • КОНТАКТ
  • Општи услови 2025
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • 24 МАЈ

ВРАХОС - VILLA PHILOXENIA

Villa Philoxenia се состои од два објекта кои се наоѓаат во близина на плажата од левата страна на Врахос, гледано во правец кон Превеза и Лефкада. Вниманието на гостите го привлекува со нејзиниот современ изглед, пространиот и со зеленило збогатен двор, како и со убаво уредените единици за сместување. Сите единици се карактеризираат со посебни спални соби, дневни соби до каучи на отворање, мини кујни, тоалет и балкони со гарнитури за седење. Близината до големата плажа, како и до останатите содржини во ова попознато туристичко место, вилата Филоксенија ја издвојуваат како квалитетен објект за престој во текот на летната сезона. Евентуалната потреба за паркинг е можна во непосредна близина на објектот.
​

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 / 9 НОЌЕВАЊА
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025
Picture
  • Цените се дадени за наем на студио за 7 / 9  ноќевања (без превоз)

*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
 
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 
За употреба на клима уред (ac+) се доплатува 7€ на ден во објектот (каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 2 € по студио/апартман на ден (се плаќа во објектот)
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
    преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)  
 
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент или    советник за патување.  Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 - 7 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден:       Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
 
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ          
Цена на повратен автобуски превоз:  70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.) 
 
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)
- Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)
- Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)
- Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)
 
Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
 
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
 
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
  одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши 
  по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
 Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од 
  вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. 
  Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и 
  локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите 
 и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
   опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. 

​
Proudly powered by Weebly
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • Авионски индивидуални
    • АВИОНСКИ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • КРСТАРЕЊА
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2025
    • ГРЦИЈА
    • АЛБАНИЈА
    • ТУРЦИЈА
    • ЦРНА ГОРА
    • PET FRENDLY
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • КОНТАКТ
  • Општи услови 2025
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • 24 МАЈ