• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 И 23 ОКТОМВРИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА1
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • Манастирите Југозападна Србија
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 И 23 ОКТОМВРИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА1
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • Манастирите Југозападна Србија
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија

ИСТАНБУЛ

ПРВ ДЕН - 19.03.2026 (ЧЕТВРТОК)
Состанок на групата во 15:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Се патува преку Грција.

ВТОР ДЕН - 20.03.2026 (ПЕТОК)
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Капали Чаршија со локален водич, па се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија. Слободно време за индивидуални активности. Влезот во хотелите е по 14:00ч.
Во договорено време се упатуваме кон плоштадот Таксим.  Од плоштадот започнува прочуената Истиклал авенија, пешачка улица долга околу 1,5 километри преполна со продавници, кафулиња, ресторани, уметнички галерии. Најголемата атракција е и ретро трамвајот што ја поврзува улицата со плоштадот. Денот го завршуваме со посета на Ortaköy - едно од најшармантните и најпосетувани соседства во Истанбул. По сите овие посети се упатуваме кон хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН - 21.03.2026 (САБОТА)
Појадок. Денот ќе го започнеме со посета на автентично турско место каде што традицијата и вкусот се спојуваат на највкусен можен начин, место каде ќе имате можност да дегустирате
Ова не е обична продавница – туку рај за љубителите на слатко .Овде има свежо направени локуми во сите вкусови, домашни баклави кои се топат во уста, креми, преливи и уникатни турски деликатеси што не се наоѓаат на секој агол и многу други слатки традиционални производи. Најубавиот момент што туку започнува а тоа е крстарење по Босфор кое претставува едно од највеличествените природни богатства на Истанбул и вистинска атракција која го прави градот единствен во светот и го поврзува Црното Море со Мраморното Море, а воедно ја дели Турција на европски и азиски дел, што му дава неповторлив културен и географски шарм.
Се упатуваме кон Џамијата Чамлиџа – Симболот на модерниот Истанбул, кој воедно претсавува најголемата џамија во Турција и еден од најновите симболи на Истанбул. Продолжуваме кон Ускудар, едно од најстарите и најавтентични соседства на азиската страна на Истанбул. Главна атракција е Кулата на девојката (Kız Kulesi) – легендарна градба на мало островче, која е симбол на Истанбул и поврзана со бројни митови и легенди. Од брегот на Ускудар се пружа еден од најубавите залези на сонце во градот, со поглед кон европската страна и силуетата на Султанахмет. Кратка пауза за фотографија и последно место за посета е една од најживописните, модерни и културно богати населби на азиската страна на Истанбул, со сосема поинаква енергија од историскиот центар на градот, населбата КADIKOY каде сме уверени дека најдобрите фотографии ќе ги направите токму овде. Слободно време за индивидуален разглед и уживање во населбата. Враќање во хотел. Подгответе се за вечер исполнета со ритам, боја и традиција! Ќе уживаме во вистинско ориентално шоу, трбушен плес со танчерки, вечера, неограничено пиење. Атмосферата е незаборавна – музика, танц и веселба што ќе ве однесе назад низ вековите на Отоманската империја. Ноќевање

ЧЕТВРТ ДЕН - 22.03.2026 (НЕДЕЛА)
Појадок. По појадокот следува одјавување од хотелот, по што се упатуваме кон посета на трговски центар каде ќе имаме околу 3 часа слободно време за шопинг, кафе или ручек. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија со ноќно возење и попатни паузи. Се патува преку Грција. Пристигнување во Македонија во утринските часови (23.03.2026-понеделник).

ЦЕНА: 119 евра

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз
- 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
- Разглед на Капали Чаршија и Хиподромот
- Туристички придружник за време на целото патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Посета на Таксим и Ортаќој - 25€ (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
-Традиционална турска вечер - 45€ од лице (трбушен танц, неограничен алкохолен и безалкохолен пијалок и вечера)
ИСТАНБУЛ ПАКЕТ- 60€
-Посета на продавницата за слатки и локуми
-Крстарење по Босфор
-Посета на Чамлиџа Џамијата
-Посета на Ускудар (кратка пауза за фотографирање)
-Посета на Кadikoy- најпозната населба во Азиската страна

*НАПОМЕНА:
ПРЕД УПЛАТА НА АРАНЖМАН ПАТНИКОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ИЗЈАСНУВА ДАЛИ ЌЕ КОРИСТИ ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 60 ЕВРА ПОРАДИ НАВРЕМЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА.
- Туристичка такса задолжителна доплата 2 евра од лице за две ноќевања
- Патничко осигурување 
​
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца до 2.99г.  во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
-Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума ( добиваат попуст само на факултативите)
- Доплата за еднокреветна соба 50 евра (за две ноќевања)
 
 
Proudly powered by Weebly
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
    • 11 И 23 ОКТОМВРИ
    • ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА1
    • Авионски индивидуални
  • ПОКЛОНИЧКИ
    • Манастирите Југозападна Србија
    • ЗАПАДНА СРБИЈА
    • КЕФАЛОНИЈА 15.08.2026
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Balkan
  • Општи услови 2026
  • ДЕТСКИ КАМП КАЛИВАС
  • ПЛАНИНСКИ ТУРИ
  • КОНТАКТ
  • Сместување Македонија