КАЛИТЕА - VILLA BLUE DREAM
Вила “Blue Dream”, се наоѓа во центарот на Калитеа, помеѓу втората и трета пешачка улица и околу 200m од плажа. Комплетно реновирана вила, располага со четири одлично уредени апартмани со една спална за 4 и 5 лица, на I-ви кат. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер..), тоалет, туш, просторни балкони со поглед кон Градот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ. Распоредот на легла според апартманите е следен: Апартман No1 и No2 за четири лица: две единечни легла во кујната и брачен во спалната соба каде што и се излегува на терасата. Апартман No3 за пет лица: еден единечен кревет во кујната и два единечни + брачен кревет во спалната каде се излегува на две тераси. Апартман No4 за пет лица: три единечни легла во кујната и брачен кревет во спалата каде се излегува на голема тераса. Гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата.
GPS Coordinates: 40.07577777067452, 23.44569293201319
15% попуст за уплата до 01.02.25 | 10% попуст за уплата до 01.03.25
GPS Coordinates: 40.07577777067452, 23.44569293201319
15% попуст за уплата до 01.02.25 | 10% попуст за уплата до 01.03.25
НАПОМЕНА
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то, 4-то и 5-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - Во апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
- - Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни - БЕСПЛАТНО;
- - Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците на булеварот (околу 200m од вилата).
- - Клима и Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТНО!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
- - Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција).