КАЛИТЕА - VILLA KOSTAS
Вила “Kostas”, се наоѓа во центарот на Калитеа на булеварот над плажата и на околу 120m од плажа. Располага со 1/4 студија (еден брачен + две единечни легла во студијата на I кат и четири единечни легла во студијата на II кат), Студијата се комфортни, чисти и со многу добар квалитет на сместување. Опремени се со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер...), комплетно реновирани нови купатила, просторни балкони (масичка со столчиња) со поглед напред на булеварот и кон море (од студијата на II кат), LCD телевизор, гардеробер, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ. Гостите со сопствени возила, може да паркираат на булеварот под терасите на вилата но не и пред влезот на вилата, бидејки е пешачка улица и не е дозволено паркирање.
GPS Coordinates:40.076453, 23.446821
15% попуст за целосна уплата до 01.02.25 | 10% попуст за целосна уплата до 01.03.25
GPS Coordinates:
15% попуст за целосна уплата до 01.02.25 | 10% попуст за целосна уплата до 01.03.25
НАПОМЕНА
- - Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
- - Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
- - Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- - При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- - Во 1/4 студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- - Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години;
- - Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
- - Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- - Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- - Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50м на булеварот пред вилата.
- - Клима и Wi-Fi интернет, БЕСПЛАТНО!!
- - Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и Не важат за првиот термин.
- ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- - За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
- - За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- - Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- - Доплата за туристичка такса 2€ од соба од ноќ (задолжителна уплата при резервација во агенција);
- - Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.