ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ
ЛЕШЈЕ - ЖИЧА - ЛЕЛИЌ - ЌЕЛИЈЕ - ЈОВАЊЕ
Прв ден 17.11.2024 Состанок на групата во 22 00 часот на Спортска Сала во Битола. Поаѓање за Србија во 22 15 часот. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.
Втор ден 18.11.2024 Пристигнување во Лешје. Посета на Манастирот Покров на Пресвета Богородица над селото Лешје, се наоѓа на 10 км југоисточно од Парачин. Потекнува од Средниот век. Манастирска црква од тој тип претставува најстара градба во Поморавието. Лешје денес е женски манастир.
Посета на манастирот Жича. Жича е српски средновековен манастир од првата половина на 13. век. Се наоѓа во близина на Краљево и припаѓа на Жичката епархија на СПЦ. Ја подигнал тогашниот прв крал на Србија од династијата Немањичи - Стефан Немања.
Манастирот Лелиќ се наоѓа во истоименото село на територијата на градот Ваљево, оддалечен 11 км од градот. Манастирот е дар од епископот Николај и неговиот татко Драгомир и мајката Екатерина Велимировиќ. Ноќевање.
Трет ден 19.11.2024 Посета на манастирите Ќелије и Јовање.
Манастирот Ќелије е женски манастир кој припаѓа на Ваљевската епархија на СПЦ. Потекнува од Средниот век. Манастирот е познат по тоа што во него живеел св. Јустин Ќелиски, а таму се наоѓа и неговиот гроб.
Манастирот Јовање е манастир на СПЦ и се наоѓа на околу 10 км од Чачак. Основан е во 13. век, а познат е по неговите фрески.
Заминување за Македонија со попатни паузи и царински формалности.
Цена: 4500 денари
* Можност за плаќање на 2 рати
Во цената е вклучено:
- 1 ноќевање ( во конаците во манастир Лелиќ и етно село Лелиќ )
- Автобуски превоз со високо туристички автобус
- Организација и водство на групата
- Здравствено-патничко осигурување