• ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • 8 МАРТ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • ВЕЛИГДЕН 2026
KARADZA TOURS
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • 8 МАРТ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • ВЕЛИГДЕН 2026

ЛУКОВСКА БАЊА - ХОТЕЛ БЕЛА ЈЕЛА

​ИнформацииЛуковска Бања се наоѓа на југот на Србија, на источните падини на планината Копаоник. Иако е сместена на надморска височина од 681 м, што ја прави највисока бања во Србија, опкружена е со планини и висови повисоки од 1000 метри, што овозможува блага умерена клима. Луковска Бања е позната по изобилството на извори на минерални води, недопрената природа на шумските падини на планината Копаоник и кристално чистиот воздух. Според бројот на извори на минерални води, со различен состав и температура и нивната издашност (над 100 л/с), Луковска Бања спаѓа меѓу најбогатите бањи во Србија. Според анализата на Институтот за хидрогеологија, како и препораките на Балнеолошкиот институт при Медицинскиот факултет во Белград, поставени се следните индикации за лекување:
Воспалителен ревматизам
Дегенеративен ревматизам
Остеопороза
Гихт
Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем
Гинеколошки заболувања

​

Опис на аранжманХотел „Бела Јела 4* е отворен во октомври 2021 година. 
Оброците се служат по принцип на шведска маса – појадок и вечера.
Велнес центарот на хотелот: отворен и затворен базен со температура од 33 до 35 степени, финска сауна, инфрацрвена сауна, парна бања, солена соба и топли клупи.
Гостите можат да го користат лоби барот на рецепцијата и велнес барот во велнес центарот за релаксација и уживање, теретана и сала за забава и рекреација.
За најмладите гости е достапна модерна игротека.
Медицинскиот блок е модерно опремен и може да се користи електротерапија, хидротерапија, терапија со кал и рачни масажи. Терапиите се секојдневни, за време на викендите и празниците, а лекарите се достапни 24 часа за прегледи и консултации.
Цените се дадени по лице дневно на база Полу пансион во двокреветни Стандард соби.
Во цената е вклучено:
Користење внатрешни и надворешни базени со термална вода со температура 33-35 °C.
Дневно користење на Велнес центарот:
Екскурзија до црквата Св. Мина со придружба на водич.

Во цената не е вклучено:
Превоз
Патничко-здравствено осигурување
Неспомнати услуги
Личен трошок на патникот
Попусти и доплати:
Доплата за еднокреветна соба: 14 € дневно.
Деца до 5 г. се сместуваат бесплатно (придружувани од 2 возрасни)
Деца 5-10 г. плаќаат 50% од наведената цена (придружувани од 2 возрасни)
Основен BO ден подразбира престој од 2 и повеќе дена и подразбира
Сместување во двокреветни Стандард соби (ТВ, минибар, бањарки, фенови за коса),
Лекарски прегледи кај дежурни лекари;
Балнеотерапија: капење во лековита вода (внатрешни џакузи базени, надворешни базени, „вирови“ во Горна Бања – места на природно извирање на термална вода), хидрокинезитерапија (групни вежби во базен со лековита вода);
Секојдневно користење на Велнес центарот: финска сауна, био сауна, парна бања, солена соба, тепидариум;
Секојдневно користење на сала за забава и рекреација, теретана и спортски терени;
Секојдневно користење на детска игротека;
Анимациска програма со терапевт-рекреатор: групни вежби во фитнес сала и на отворено, прошетки низ околината;
Исхрана на база на полупансион (појадок и вечера), шведска маса за двата оброка;
Безжичен (wi-fi) интернет;
Туристичка такса.
BO ден екстра подразбира: основен BO ден + четири терапии дневно (се спроведуваат секојдневно, и за време на викенди и празници):
Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања);
Апликација на лековита кал (до 2 апликации);
Електротерапија (дијадинамик, интерферентни струи, TENS, солукс ламба, стимулатор за мускули);
Рачна масажа – сегментна, во траење од 10 минути.

Proudly powered by Weebly
  • ПОЧЕТНА
  • ПАТУВАЊА
    • 8 МАРТ
    • ЕДНОДНЕВНИ
    • Авионски индивидуални
    • ПОКЛОНИЧКИ
  • ЛЕТО 2026
  • ВИЗИ
  • Travel2Macedonia
  • Општи услови 2025
  • КОНТАКТ
  • ВЕЛИГДЕН 2026